Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

(ФОТО) Емотивно збогување: Македонија им се заблагодари на Митрашиновиќ и Трајчевска

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Кошаркарската федерација на Македонија на достоинствен и емотивен начин им оддаде почит на двете долгогодишни репрезентативки, Анџелика Митрашиновиќ и Нена Трајчевска, кои го затворија своето поглавје во националниот дрес.

Пред почетокот на натпреварот против Хрватска во салата „Градски парк“, двете кошаркарки добија симболично признание – врамени дресови кои ги носеа со години, како благодарност за нивниот придонес во женската репрезентација.

Анџелика Митрашиновиќ ја заврши својата кариера во текот на оваа сезона, по цели 15 години минати во сениорската селекција. Таа се прости како најдобар стрелец во последниот квалификациски циклус, каде бележеше просек од 17.3 поени, 9.7 асистенции и 7.7 скока. Во периодот од 2012 до 2027 година одигра 32 натпревари за сениорската репрезентација, со просек од 12.2 поени, 4 скока и 3.2 асистенции. Претходно, во младинските категории запиша уште 31 настап, оставајќи значаен белег и таму.

Од друга страна, Нена Трајчевска својата репрезентативна приказна ја започна уште во 2010 година како дел од кадетската селекција, а подоцна настапуваше и на неколку младински европски првенства. Дебито за сениорскиот тим го имаше во квалификациите за Евробаскет 2014, по што повторно се врати во националниот дрес во 2019 година.

ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија

Беше дел од репрезентацијата и во следните циклуси, вклучувајќи го и оној во 2023 година, а последните шест настапи ги запиша во минатогодишните квалификации, по што одлучи да се повлече. Зад себе остави 20 настапи за сениорската селекција и 22 во младинските категории.

Со својата пожртвуваност, лидерство и љубов кон дресот со државниот грб, Митрашиновиќ и Трајчевска оставија длабока трага во македонската кошарка.

Македонија им се заблагодарува – за срцето, борбата, посветеноста и гордоста што ја носеа на теренот.



Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Камјани се раздели со тренерот Бурхан Емурлаи, кариерата ја продолжува во Азербејџан

Дебитантот во Втората македонска фудбалска лига, Камјани, се раздели со тренерот Бурхан Емурлаи. Клубот информираше дека двете страни постигнале меѓусебен договор за прекин...

Прва лигаФудбал

Ристовски: Почнува целосна реконструкција на фудбалскиот терен на ФК Башкими во Куманово

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со заменичката Сафије Садики Шаини, претставници на локалната самоуправа и на ФК Башкими, денеска изврши увид во градежните...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Јанев и Незири со победа во двојки, Јанев утре против третиот носител

Македонските тенисери Кристијан Јанев и Ерион Незири со победа го започнаа настапот...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со победа го заврши настапот на Европското првенство!

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија со победа го заврши настапот на Европското...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФФМ со нов партнер – „Ладна Вода“ станува поддршка на македонските репрезентации

Фудбалската федерација на Македонија и „Ладна Вода“ потпишаа договор за соработка, со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!