Ракомет

Регионална ракометна лига на чекор до реализација: Се чека зелено светло од македонските клубови

Сподели
Сподели

Идејата за формирање на нова Регионална ракометна лига со клубови од Србија, Македонија и Црна Гора е многу блиску до реализација. Како што објавува српскиот медиум Mozzart Sport, конечниот договор би требало да биде постигнат на состанок кој е закажан следниот понеделник во Белград.

Според планот, во натпреварувањето би учествувале десет екипи по систем 4-4-2, односно четири клуба од Србија, четири од Македонија и два од Црна Гора. Србија би ја претставувале Партизан, Војводина, Динамо Панчево и Дубочица, додека од Црна Гора се очекува настап на Ловќен и Будванска Ривиера.

Од македонска страна најверојатни учесници се Вардар 1961, Еурофарм Пелистер, Алкалоид и ГРК Охрид, но според информациите на „Mozzart Sport“ се уште се чека конечниот одговор дали овие клубови ќе се приклучат на новото регионално натпреварување.

Планирано е лигата да се игра по двокружен систем, со вкупно 18 кола во кои секој тим ќе се соочи со сите ривали, а сезоната би завршила со финален турнир на крајот на март. Поради обврските на дел од клубовите во европските купови, натпреварите во ова натпреварување најверојатно би се играле за време на викендите.



Дополнително, се разгледува и можноста во иднина оваа лига да носи одредени бенефити или пласман во европските натпреварувања, но таква опција не се очекува уште во првата сезона, туку евентуално од натпреварувачката 2027/2028.

Регионалната лига би била нов обид за враќање на силните меѓународни дуели во регионот, по згаснувањето на СЕХА лигата во последните години.

ФОТО: РК Вардар 1961, ГРК Охрид, РК Алкалоид, РК Еурофарм Пелистер



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Марија Златевска шампионка на државното првенство за ветеранки, ТК Тумба со две одличја

Одличен настап за ТК Тумба од Куманово на државното првенство за ветеранки над 30 години, каде што Марија Златевска стигна до шампионската титула....

Втора лигаФудбал

Камјани се раздели со тренерот Бурхан Емурлаи, кариерата ја продолжува во Азербејџан

Дебитантот во Втората македонска фудбалска лига, Камјани, се раздели со тренерот Бурхан Емурлаи. Клубот информираше дека двете страни постигнале меѓусебен договор за прекин...

Поврзани написи
Ракомет

Драма до последната секунда: Вардар за малку до сензација против Нант

Вардар беше на чекор до голем триумф во „Јане Сандански“, но Нант...

Ракомет

Јагуриновски пред Бутел: „Ние сме фаворити и тоа мора да го покажеме на терен“  

По убедливата победа над Струга во Езерското дерби на „Билјанини Извори“, Охрид...

Ракомет

Димовски пред европскиот двомеч: „Ние ќе го оставиме срцето на теренот, а од трибините нека грми цело Кавадарци!“

Ракометарите на Тиквеш се подготвуваат за европскиот предизвик против Handball Esch од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!