Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Селекторот Лазаров повика дебитант – доаѓа од Вардар

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, дополнително го прошири списокот на играчи за претстојната ЕХФ недела и пријателскиот натпревар против Австрија.

Нов повик доби кружниот напаѓач на Вардар 1961, Кристијан Атанасовски, кој за првпат ќе биде дел од сениорскиот национален тим и има можност да дебитира во дресот на Македонија.

Во меѓувреме од комбинација отпадна пивотменот Марко Стојковиќ, а за оваа репрезентативна акција нема да настапат ниту дел од поискусните ракометари, меѓу кои Маркоски, Митревски и Пешевски, како и повредениот Ѓорѓиев.

Македонските ракометари ќе го започнат собирот на 17 март, по што ќе ги стартуваат подготовките за контролниот натпревар против селекцијата на Австрија. Дуелот ќе се одигра на 21 март во Брегенц, а во конкуренција за настап ќе бидат вкупно 19 репрезентативци.



Овој меч ќе биде дел од подготовките на националниот тим пред бараж средбите за пласман на Светското првенство 2027 година.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

По Халкида, бодовите против Шведска добиваат поголема тежина за Македонија

Македонија го заврши ноемврискиот дел од квалификациите за ракометното ЕП 2028 со...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Два меча за четири дена, едно место за понатаму: Подмладена Македонија тргнува по првото место

Виктор Петровски ќе го почне мандатот на клупата на женската кошаркарска репрезентација...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!