Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија од втор шешир ќе ги чека ривалите за ЕП 2028

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Машката ракометна репрезентација на Македонија на 26 март ќе ги дознае противниците во квалификациите за Европското првенство 2028, кое ќе се одржи во Шпанија, Швајцарија и Португалија.

Според рејтингот на Европската ракометна федерација, македонската селекција е сместена во вториот шешир заедно со репрезентациите на Австрија, Холандија, Фарски Острови, Србија, Полска, Чешка и Италија.

Ждрепката ќе се одржи во Лисабон со почеток од 19:00 часот, а во квалификациите ќе учествуваат 32 репрезентации кои ќе бидат поделени во осум групи. Пласман на континенталниот шампионат ќе обезбедат прво и второпласираните селекции од секоја група, како и четирите најдобри третопласирани репрезентации.

Директен пласман на Европското првенство веќе имаат обезбедено домаќините Шпанија, Швајцарија и Португалија, како и актуелниот европски шампион Данска.



Шешири за квалификациите:

Прв шешир: Франција, Словенија, Германија, Норвешка, Шведска, Унгарија, Хрватска, Исланд
Втор шешир: Македонија, Австрија, Холандија, Фарски Острови, Србија, Полска, Чешка, Италија
Трет шешир: Црна Гора, Романија, Литванија, Украина, Босна и Херцеговина, Грузија, Белгија, Грција
Четврти шешир: Финска, Израел, Луксембург, Словачка, Естонија, Косово, Турција, Летонија

Европското првенство 2028 ќе се игра од 13 до 28 јануари, а во меѓувреме македонската репрезентација е фокусирана и на баражот за пласман на Светското првенство 2027, каде ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Украина и Словачка.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Полет со сигурна победа над Вардар Бистренци, Младост и Лозар ги поделија бодовите

Екипата на Полет од Тремник забележа сигурна победа на гостувањето кај Вардар Бистренци со резултат од 1:3, во меч од 2. коло на...

ФудбалФутсал

Бутел го „прегази“ Клими, со пет гола Форца го декласираше Јувентус Серава

Бутел однесе убедлива победа над Клими триумфирајќи на домашен терен со 6:0 во рамките на 3. коло на Првата футсал лига. Гостинскиот тим...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во...

Останати репрезентацииРепрезентација

Сребро за Ведрана Тунески, македонското таеквондо има нова голема надеж!

Македонската таеквондистка Ведрана Тунески од ТК Бутел оствари одличен резултат на Европското...

Останати репрезентацииРепрезентација

Марко Џорлев е новиот светски шампион во карате!

Македонското карате доби нов светски шампион! Марко Џорлев се искачи на највисокото...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!