Останато

Љубомир Спасиќ шампион на Европскиот куп во Фулда, бронза и за македонскиот тим во кајак на диви води

Сподели
Сподели

Нашите македонски кајакари викендов настапија на Европскиот куп во кајак на диви води кој се одржа во Фулда, Германија каде што остварија одлични резултати и достојно ја претставија Македонија.

Најголемиот успех го постигна Љубомир Спасиќ, кој успеа да се искачи на највисокото место на подиумот и да ја освои шампионската титула во категоријата UE 32&40. Со сигурно и стабилно возење низ патеката, Спасиќ покажа големо искуство и квалитет, оставајќи ја конкуренцијата зад себе.

Одличен настап имаше и младиот кајакар Благој Гугинов, кој во јуниорска конкуренција го освои четвртото место. Гугинов беше многу блиску до подиумот, а од најдобрите го делеа само 0.18 секунди, што покажува колку била неизвесна и израмнета трката.

Македонските претставници беа успешни и во тимската конкуренција. Во состав од Љубомир Спасиќ, Благој Гугинов и Јосип Слошњак, нашиот тим успеа да го освои третото место и бронзениот медал. Со одлична координација и борбеност, македонските кајакари се најдоа меѓу најдобрите екипи на натпреварувањето.

Овие резултати се уште една потврда за добрата форма на македонските кајакари и за нивниот континуиран напредок на меѓународната сцена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Марија Златевска шампионка на државното првенство за ветеранки, ТК Тумба со две одличја

Одличен настап за ТК Тумба од Куманово на државното првенство за ветеранки над 30 години, каде што Марија Златевска стигна до шампионската титула....

Втора лигаФудбал

Камјани се раздели со тренерот Бурхан Емурлаи, кариерата ја продолжува во Азербејџан

Дебитантот во Втората македонска фудбалска лига, Камјани, се раздели со тренерот Бурхан Емурлаи. Клубот информираше дека двете страни постигнале меѓусебен договор за прекин...

Поврзани написи
Останато

Марија Златевска шампионка на државното првенство за ветеранки, ТК Тумба со две одличја

Одличен настап за ТК Тумба од Куманово на државното првенство за ветеранки...

Останато

Владимир Павлов успешно го заврши IRONMAN 70.3 во Белград: 113 километри за 6 часа и 7 минути

Претседателот на Ротари клуб Кочани–Виница, Владимир Павлов, успешно го заврши големиот триатлонски...

Останато

(ФОТО) МОК ја продлабочува соработката со Светската е-спорт федерација: Е-спортот и олимпизмот се новата реалност

Македонскиот олимписки комитет оствари работна средба со висока делегација на Светската е-спорт...

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!