Ракомет

Кавадарчани убедливи – Тиквеш со сигурен триумф над Бутел Скопје

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Екипата на Тиквеш стигна до сигурна победа над Бутел Скопје со резултат 25-20 во натпреварот од второто коло од суперлигашкиот плеј-оф.

Кавадарчани ја поставија основата за триумфот уште во првиот дел. По триесет минути игра имаа убедлива предност од 16-10, што најави дека бодовите тешко ќе заминат од Кавадарци.

Натпреварот беше обележан и со два црвени картони во раната фаза. Веќе по пет минути игра Бутел Скопје остана без еден од своите клучни дефанзивци, Теодор Тодески, кој беше исклучен по остар старт. Набргу потоа и домашниот состав остана без Димитар Коцев, кој заработи црвен картон по дуел со Јаневски.

И покрај тоа, Тиквеш продолжи да го контролира ритамот на натпреварот. На почетокот на второто полувреме избраниците на Грчевски ја зголемија предноста и на девет гола разлика (20-11), со што практично ја решија дилемата околу победникот.



Во продолжението двата тренери им дадоа шанса на повеќе ракометари од составите, но резултатската предност на домашниот тим не беше загрозена.

Најефикасни кај Тиквеш беа Мијушковиќ со седум погодоци, како и Коцев и Димовски кои постигнаа по пет гола, додека голманот Печурица имаше 14 успешни интервенции. Кај Бутел Скопје, Шилегов беше најефикасен со четири погодоци.

Во следната рунда по репрезентативната пауза, Тиквеш ќе гостува кај Алкалоид во Автокоманда, додека Бутел Скопје го очекува дуел со шампионот Еурофарм Пелистер.



Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Пријателски меч на третолигашите Овче Поле и Борец

Утре ќе биде одигран пријателски меч меѓу Овче Поле и Борец, кој ќе се одигра на Градскиот стадион во Свети Николе со почеток...

Трета лигаФудбал

Спировски: Во недела одиме по историја во Струга, јас ветувам дека Втора лига ќе ја донесам во Могила!

Во рамки на 16. коло од Трета лига – Југозапад, љубителите на фудбалот ќе имаат можност да проследат вистинско дерби, откако второпласираната Могила...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид подготвен за европскиот предизвик – завршни подготовки пред полуфиналето

Ракометарите на ГРК Охрид ги одработуваат последните подготовки пред еден од најважните...

Ракомет

Татабања го чека ривалот – Охрид на чекор до европско финале!

Татабања обезбеди пласман во финалето на ЕХФ Европскиот Куп, откако во драматичен...

Ракомет

Ројевиќ: „Сите заедно ја пишуваме историјата!“ – повик за спектакл во Охрид!

Охрид е пред натпревар кој може да ја одбележи сезоната – реваншот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!