РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби од Косово на првиот тест!

Сподели
Сподели

Македонска фудбалска репрезентација до 21 година загуби со 3:1 на домашен терен од од репрезентацијата на Косово на првиот од двата пријателски натпревари.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски одлично го отворија натпреварот и сосема заслужено имаа рано водство, откако во 16. минута со голот на Никола Величковски нашата репрезентација имаше 1:0. Но, Косово брзо израмни, откако во 29. минута, Арјанит Фазлија стрелаше 1:1.

Во 66. минута, Косово преку Куртиши прави комплетен пресврт со што гостинот имаше предност од 1:2, додека пак Куканај ги постави конечните 3:1.

Двете репрезентации ќе одиграат уште еден контролен натпревар во Скопје, кој е закажан за 17. ноември.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Скопје домаќин на Европското сениорско првенство во кик бокс, Македонија со 33 натпреварувачи ќе атакува на медал

Во Скопје вчера во попладневните часови свечено беше отворено Европското сениорско првенство во кикбокс.  Натпреварите се одржуваат во спортскиот центар „Јане Сандански“, а...

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Четири борби, четири победи – Душица Бресалиева го освои златниот медал на Грција Опен Е1 2026

Македонската репрезентативка во таеквондо, Душица Бресалиева од ТК Штип, оствари извонреден успех...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!