ФудбалФутсал

НЕВЕРОЈАТНО: Постигнати 25 гола на еден меч во Првата футсал лига на Македонија!

Сподели
ФОТО: КМФ Шкупи | АРХИВА
Сподели

На еден меч постигнати 25 погодоци – натпреварот меѓу Шкупи и Јувентус Серава понуди неверојатна голеада, со среќен крај за Шкупи, кој со овие три бода прави чекор напред кон опстанок во елитата.

Натпреварот од 13. коло на Првата футсал лига направи да има гол на секоја една минута и 36 секунди. Шкупи славеше со 15:10 и со нови три бода се зацврстува во зоната за директен опстанок.

Еркан Сефери за Шкупи постигна седум гола, Абдил Кадир Јахја имаше три погодоци, а пак Ербил Даци и Зекир Зејнели по два гола. Автогол си постигна Фуркан Шабани, додека пак на спротивната страна автогол постигна Ербил Даци.



За тимот на Јувентус Серава по три гола постигнаа Фуркан Шабани и Фетим Аџами, Омер Османи беше двоен стрелец, а еден гол постигна Осман Мустафа.

Сега тимот на Шкупи е на седмата позиција со 14 бодови, со шанси и да прогресира на табелата, а пак Јувентус Серава на кој му се одземени три бода се наоѓа на петтото место со 15 бодови.



Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбраната на титулата ја започнува против Јувентус Серава, дерби на Форца и Шкупи

Денес во Фудбалската федерација на Македонија беше извршена ждрепката за новата сезона 2026/2027 во Првата футсал лига, со што се познати двојките за...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Втората женска лига со осум екипи: Билјанини Извори гостува во Радовиш, дебитантски дуел на Башкими и Менада

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе започне на 27 септември 2026 година, а во сезоната 2026/27 ќе настапат вкупно осум...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект одбраната на титулата ја започнува против Јувентус Серава, дерби на Форца и Шкупи

Денес во Фудбалската федерација на Македонија беше извршена ждрепката за новата сезона...

Прва лигаФудбал

Стафа: Одиме максимално мотивирано за да извлечеме позитивен резултат

Башкими го остави зад себе лошиот старт на сезоната и серијата од...

Прва лигаФудбал

Ацковски: Кратово е незгодно гостување, но веруваме дека можеме до позитивен резултат

Со триумфот над Шкендија на гостински терен, екипата на Тиквеш покажа дека...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!