Ракомет

Селекторот Лазаров со изменет состав за ЕХФ неделата, следува пријателски дуел со Австрија

Сподели
ФОТО: Ракометна Федерација на Македонија
Сподели

Машката ракометна репрезентација на Македонија во рамките на претстојната ЕХФ недела ќе одигра пријателски натпревар против Австрија. Контролниот дуел е закажан за 21 март со почеток во 18:00 часот во Брегенц.

Овој натпревар ќе биде дел од подготовките на националниот тим за бараж средбите за пласман на Светското првенство 2027. Македонија во мај ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Украина и Словачка.

Во пресрет на собирот, селекторот Кирил Лазаров го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за оваа акција. Во тимот ќе се врати Милан Лазаревски, додека на списокот не се најдоа Мартин Серафимов и Игор Ѓорѓиев.

За претстојниот собир Лазаров нема да смета ниту на дел од поискусните ракометари, меѓу кои се голманот Никола Митревски и пикерот Жарко Пешевски.

ФОТО: РФМ

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Бењамин Ќерими го доби соочувањето меѓу Скопје и Истатов, Блаже Петковски главен во Струмица

Денес ќе биде отворено шестото коло во Првата женска фудбалска лига со натпреварот во Пржино. Познати се и судиите кои ќе ја делат...

Втора лигаФудбал

Качевски ќе им суди на Камјани и Детонит, Пилешков на Пелистер и Охрид, Стојанов главен во Горно Лисиче

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од шестото коло на Втората македонска фудбалска лига. Колото се отвара со шест мечеви...

Поврзани написи
Ракомет

Хрватски судии за европскиот двомеч на Тиквеш со Еш

Тиквеш ги доби официјалните лица за двата натпревари против Handball Esch од...

Ракомет

Мајдоуб: Ништо не е загубено, сезоната е само на почетокот – против Вардар ќе го дадеме максимумот

Несреќниот пораз од Прилеп е минато, Младост се фокусира на следните предизвици...

Ракомет

Драма до последната секунда: Вардар за малку до сензација против Нант

Вардар беше на чекор до голем триумф во „Јане Сандански“, но Нант...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!