РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Летонците славеа во вториот дуел против македонската репрезентација до 16 години

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Репрезентацијата на Летонија во вториот контролен натпревар ја совлада селекцијата на Македонија до 16 години со 2:0.

Селекторот Иљами Исени за денешниот дуел се реши да направи голем број измени во стартната постава, а се со цел да им даде шанса на сите повикани фудбалери за овие мечеви.

Летонците денеска беа поквалитетен противник и заслужено стигнаа до победа иако и избраниците на Исени имаа неколку шанси за да ја затресат мрежата на гостите.

Првиот погодок беше постигнат во петтата минута, а стрелец беше Адрианс Куракинс.

Само седум минути подоцна обидот на Матеј Бочески го одбрани голманот Иванаускас додека во 31. минута, Коста Георгевски го погоди дирекот од голот на противникот.



На почетокот од второто полувреме в о 54. минута Илија Аксентиев имаше одлична шанса за израмнување, но Иванаускас ја спаси својата мрежа.

Во 69. Андрис Аизсилниекс зголеми на 2:0 и го постави конечниот резултат. До крајот на натпреварот Македонија имаше можност да стигне до погодок, но ударот на Марин Крстевски од непосредна близина заврши преку голот.



Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Спартмани по прв пролетен триумф против Дрвош, дерби тест за Огражден во Злеово

В недела се играат натпреварите од 10. коло во Општинската фудбалска лига, а вниманието го привлекуваат дуелите меѓу Спартмани и Дрвош, како и...

Прва лигаФудбал

Анес Бајрами: Да уживаме во фудбалот до крајот на сезоната

Остануваат уште четири кола до крајот на домашниот фудбалски шампионат, а екипата на Шкупи ги игра своите последни натпревари во Првата лига, со...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Фудбалската репрезентацијата со нов имиџ – ФФМ го промовира дресот за новата сезона

Фудбалската федерација на Македонија го промовира новиот дрес на македонската репрезентација, изработен...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезентација до 15 години поразена од Велс

Фудбалската репрезентација до 15 години го забележа првиот пораз на Турнирот на...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Пуштени се во продажба влезниците за натпреварот Македонија – Ирска

Кошаркарската федерација на Македонија, како организатор на натпреварот меѓу Македонија и Ирска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!