Прва лигаФудбал

Ричков: Верувам во силата на Македонија ЃП и денеска одиме на три бода во Куманово

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Екипата на Македонија ЃП пролетва има една и единствена задача, a таа вели дека во најкраток можен рок да се соберат доволно бодови, кои што ќе обезбедат прволигашки статус и мирен финиш на оваа турбулентна сезона.

Македонија ЃП во претходното коло направија мини подвиг забележаа победа над Работнички со 3:1 и покрај фактот што гостите имаа водство. Сепак, избраниците на Боби Божиновски и тоа како добро се справија со таа ситуација, ги задржаа бодовите, а сега одат по нови три во Куманово.

Денеска од 14:00 часот ги пречекува тимот на Башкими, сериозен прволигашки предизвик од секој аспект особено кога игра на свој терен.

„Одигравме тежок натпревар против екипата на Работнички, но знаевме дека по секоја цена мора да победиме и бодовите да останат дома. Знаеме каква е екипата на Башкими и кои се нивните предности и слабости. Добро ги анализиравме и подготвени сме утре да го дадеме максимумот за да си заминеме дома со бодови. Секако дека верувам во мојата екипа и утре одиме во Куманово по трите бода. Во изминатите две кола одигравме два многу тешки натпревари во кои освоивме многу важни бодови. Можевме и подобро, и верувам дека во иднина ќе биде така. Оваа екипа нема ѕвезди сите играчи се бориме и даваме максимум, и токму тоа го краси овој тим“ – ни изјави младиот и перспективен Марио Ричков.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!