Втора лигаФудбал

Вардар Неготино најави јавен собир: Ќе ги отвориме картите пред Винари и јавноста

Сподели
Сподели

Откако верната навивачка група „Винари“ излезе со соопштение во кое побараа преземање на резултатска одговорност, како и финансиски извештај за работата на клубот, веднаш управата на ГФК Вардар Неготино реагираше преку соопштение.

Како што е наведено во соопштението на клубот, јавен собир ќе има, на кои ќе се поканат верните „винари“, спортската јавноста, спортски работници со цел како што велат од клубот да се отворат картите и да се дискутира на теми поврзани со клубот.

  • ЦЕЛОСНОТО СООПШТЕНИЕ НА ВАРДАР НЕГОТИНО:

„Здраво живо до Почитуваната навивачка група Винари Неготино , до граѓаните кои коментираат на овој пост (некои од нив кои не се добро информирани) и до сите што го следат профилот на Винари Неготино. Во името на НОВАТА УПРАВА на ГФК Вардар (која го презема Вардар Неготино на крајот од месец Јули / почетокот на Август 2025 г)
Сакаме да ја информираме јавноста дека целосно стоиме за иницијативата на ВИНАРИ ДА ИМА ГОДИШНО СОБРАНИЕ. За нас како НОВА УПРАВА оваа нема да биде годишно собрание (бидејќи нема поминато година) туку ќе биде како што обеќавме:
Дека ќе има СОБИР НАПОЛУСЕЗОНА (сега) и на крај на Првенството – Годишно собрание (два пати во сезона ).

Заради средување на стара документација (од стара управа) и заради изготвување на Завршна сметка бевме приморани за неколку денови да го пролонгираме Собирот на полусезоната што го обеќавме на одржаното Годишно собрание во месец Јули 2025г. Се извинуваме иако НЕ Е НАША ВИНА. ЗАТОА ЈА ИНФОРМИРАМЕ ЈАВНОСТА ДЕКА ВО НАЈКУС МОЖЕН РОК – НОВАТА УПРАВА НА ГФК ВАРДАР ЌЕ СВИКА ЈАВНА РАСПРАВА КАДЕ ЌЕ БИДАТ РАЗГЛЕДАНИ СИТЕ БАРАЊА НА ВИНАРИ. На самата Јавна расправа ќе бидат поканети сите спортски работници, почитуваната навивачка група ВИНАРИ, фирмите од општината и сите кои сакаат да присуствуваат.
СОБИРОТ ЌЕ БИДЕ ЈАВЕН во Големата сала на Собрание на Општина Неготино.

По (неготински кажано: ЌЕ ГИ ОТВОРИМЕ КАРТИТЕ)

Ние како Нова Управа ќе дадеме образложение за нашето работење од месец – август 2025г до месец Февруари 2026 г. За 6/7 месечното работење во ГФК Вардар и план за понатамошно функционирање на ГФК Вардар. За Периодот на старата управа од 2023/2024 до Јули 2025 г. немаме целосни документи. Ќе се потрудиме да ги средиме – со Господ напомош. ЗНАЧИ ВО НАЈКУС МОЖЕН РОК од деновите 13 до 19 март СВИКУВАМЕ СОБИР НА ПОЛУСЕЗОНАТА. Се гледаме – за ВАРДАР“, се вели во соопштението на второлигашот Вардар Неготино.

Клубот од Неготино се соочува со многу тежок предизвик за опстанок, шансите за директен опстанок веќе се невозможна мисија, а ако и во сабота не се добие Каменица Саса, тогаш тимот од „Цвај арената“ ќе се пакува за Трета лига – Југ.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Маџари со триумф над Победа, Кадино го декласираше Ускуп со осум гола

Деветтата рунда на Четвртата лига РФС 1 во Гази Баба донесе две минимални победи, еден убедлив триумф со осум гола, а еден меч...

ФудбалЧетврта лига

Горски слави триумф над Плавник, Форца Нова убедлива, минималец за лидерот Раштани Спорт

Осмото коло на Општинската фудбалска лига на Велес донесе погодоци на сите мечеви, само една гостинска и четири домашни победи. Со голот на...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари со триумф над Победа, Кадино го декласираше Ускуп со осум гола

Деветтата рунда на Четвртата лига РФС 1 во Гази Баба донесе две...

ФудбалЧетврта лига

Горски слави триумф над Плавник, Форца Нова убедлива, минималец за лидерот Раштани Спорт

Осмото коло на Општинската фудбалска лига на Велес донесе погодоци на сите...

ФудбалФутсал

ПРОЕКТ НЕ ЗНАЕ ЗА ПОРАЗ! Шампионот ја покори и Форца, Јосифово слави – шест од шест и моќна порака во битката за одбрана на двојната круна!

Неверојатна победничка серија има македонскиот футсал шампион Проект, вечерва во Гевгелија тимот...

ФудбалФутсал

Вечерва Кочани слави голема победа: Фудбал Старс Ауто Велт со 12 гола со сруши лидерот Каршиака, Балкан го освои Штип

Лидерот во Втората футсал лига вечерва го доживеа првиот сезонски пораз откако...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!