Втора лигаФудбал

„Винари“ нема да молчат: Бараат одговорност за поразите и финансиски извештај

Сподели
ФОТО: Винари Неготино
Сподели

Навивачката група „Винари“ преку соопштение побара преземање одговорност за резултатската криза на нивниот миленик Вардар Неготино, кој пролетниот дел го отвори со три порази од толку натпревари.

Второлигашот од Неготино загуби од Тетекс на стартот на пролетниот дел, иако загуби со 2:0, овој пораз има и друга тежина бидејќи е од екипата која е конкурент за баражот, потоа следуваше дебакл од Брегалница во Штип со 7:1, а потоа пораз и на домашен терен од Новаци со резултат од 1:2.

Покрај тоа, навивачите бараат и итно свикување на годишно собрание, како и јавен и транспарентен финансиски извештај, но притоа имаат и некои други барање истакната во нивното соопштение, притоа додавајќи дека ќе продолжат да навиваат, но нема да молчат.

„БАРАМЕ:
• Итно свикување на годишно собрание
• Јавен и транспарентен финансиски извештај
• Преземање одговорност за резултатската криза
• Јасен став и целосна транспарентност во врска со сите обвинувања за неколку сомнителни резултати на Вардар Неготино

Ние ќе продолжиме да навиваме, но нема да молчиме. Клубот е на градот – не на поединци. Доста е од молк. Доста е од нетранспарентност. Доста е од понижување на клубот со понижувачки резултати. Управите доаѓаат и си заминуваат,
но ние секогаш сме тука – на трибина. Со клубот кога е најтешко, со клубот кога е на врвот. Време е за одговорност“, се вели во соопштението на „Винари“.

Вардар Неготино е на делба на 12-тото место со Преспа со по 12 бодови има 11 бодови негатива од бараж зоната и ќе биде исклучително тешко да се стигна до позиција која води кон баражот за опстанок.



Веќе в сабота Вардар Неготино ќе игра клучен меч одново против конкурент за баражот, на гостински терен против Каменица Саса.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!