Прва лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Вардар и Шкендија

Сподели
Сподели

Познати се судиите за последните два меча од 21. коло на Првата македонска фудбалска лига.

Дербито на колото го играат конкурентите за титулата Вардар и шампионот Шкендија, а правдата на овој меч ќе ја дели Фатмир Бафто од Охрид, а негови помошници ќе бидат Мишо Ѓорѓиевски и Горан Галевски, исто така од Охрид, додека пак четврт судија ќе биде Крумислав Ѓоргиев.

Во ВАР собата ќе бидат Игор Стојчевски и Вјолца Изеири, оператор за повторување на снимката е Петар Муковски, а пак делегат е Гоце Цветановски, а контролор Сашо Лазаревски.

Натпреварот се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.



Стојанче Трпчевски ќе биде на центарот на Битола каде ќе се соочат Пелистер и Силекс, а помошници ќе бидат Тоше Ицев и Драган Трпчевски. Четврт судија ќе биде Владимир Ѓорѓиевски.

ВАР судија ќе биде Пларент Салихи, а пак АВАР судија ќе биде Мартин Петковски. Оператор за повторување на снимката ќе биде Растко Ѓурѓевиќ.

Делегат на овој меч ќе биде Дејан Боневски, а пак контролор ќе биде Делчо Јакимовски.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Габриела Величковска започна тренерска кариера: Штипјанката го презеде Астибо

Штипскиот прволигаш Астибо доби нов тренер – Габриела Величковска, која по успешната играчка кариера направи нов чекор во ракометот и започна ново поглавје...

Прва лигаФудбал

Струга ТЛ го „скрши“ Арсими за едно полувреме: Радески со хет-трик во голеадата од 6:0

Струга Трим Лум ја оправда фаворитската улога и со убедливи 6:0 го совлада Арсими во натпреварот од 8. коло во Првата македонска фудбалска...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Радески: Посакуваме трите бода да останат во Струга

Струга Трим Лум го пречекува Арсими во натпреварот од осмото коло во...

Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кој може да го симне Пелистер од тронот во Втора лига?

По шест кола екипата на Пелистер од Битола е на врвот од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!