Трета лигаФудбал

ТАБЕЛА: Превалец или Борец, кој ќе биде шампион во Трета лига – Југ?

Сподели
Сподели

Трета лига – Југ е првиот третолигашки регион кој означи старт на пролетниот дел со натпреварите од 14. коло.

Во овој регион едно е сигурно – битката за баражот за Втора лига ќе ја водат велешките екипи Превалец и Борец, кои со по 34 бодови и го делат првото место.

Со сигурни и убедливи победи за што Спортска Мрежа веќе го објави комплетниот извештај од мечевите од 14. коло, Превалец и Борец ќе ја продолжат пролетната битка за првото место. Двете екипи имаат отворени амбиции и сакаат да бидат дел од второлигашкото друштво за следната сезона.

Борец сака експресен кам-бек во ВМФЛ откако минатата година испадна, а пак Превалец кој изминатите неколку сезони е при самиот врв во ТМФЛ – Југ, годинава е решен да води битка до крај и да ја оствари целта.

На делба на третото место се Ултрас и Венец од Долни Дисан со по 25 бодови.

Екипата на Дреново се откажа од понатамошно натпреварување.



  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ВО ТРЕТА ЛИГА – ЈУГ:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ПРЕВАЛЕЦ 13 11 1 1 52 9 +43 34
2 ФК БОРЕЦ 1919 АД 13 11 1 1 48 8 +40 34
3 ФК УЛТРАС 13 8 1 4 53 24 +29 25
4 ФК ВЕНЕЦ с.Долни Дисан 13 8 1 4 29 22 +7 25
5 ФК РОСОМАН-83 13 7 3 3 29 24 +5 24
6 ФК ПИТУ ГУЛИ 12 5 2 5 24 18 +6 17
7 ФК Бучин 13 4 3 6 16 28 -12 15
8 ФК МЛАДОСТ 1930 13 5 0 8 21 50 -29 15
9 ФК МЛЕКАР 13 4 1 8 21 29 -8 13
10 ФК Влазними Јуниор 13 4 1 8 18 34 -16 13
11 ФК БАШКИМИ 2008 12 3 3 6 19 18 +1 12
12 ФК ТОПОЛКА 13 3 2 8 16 30 -14 11
13 ФК ДРЕНОВО 2016 12 0 1 11 12 64 -52 1
14 ФК СЛОГА 1976 0 0 0 0 0 0 0 0



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Јашар пред дуелот со „пиратите“: Ќе дадеме се од себе на крајот да се радува градот Штип и нашите навивачи

Брегалница и Скопје денеска во Штип го затвораат осмото коло од Првата македонска фудбалска лига. Штипјани сезонава на свој терен почнаа со две...

Прва лигаФудбал

Скопје е подготен за вечерашното соочување со Брегалница и се надева на позитивен резултат во Штип

Во последниот натпревар од осмото коло во Првата фудбалска лига, тимот на Скопје вечерва ќе гостува во Штип и ќе ги одмери силите...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Куп: Третолигашот Могила против фаворитот Арсими, Ненад Тодоровски ќе дели правда

Утре ќе биде одигран натпреварот од 1/16 финале од Купот на Македонија...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!