Останато

Кикбокс маитаи клуб Комбат со нови државни медали – први настап и бронзи за Трајче Василев и Стефан Ефтимов

Сподели
Сподели

Голем успех и уште една причина за гордост за радовишкиот кикбокс маитаи клуб Комбат, чии натпреварувачи блеснаа на Државното првенство во кикбокс што денес се одржа во Скопје.

Со бронзени медали се закитија и Стефан Ефтимов, кој заврши трет во Лоу Кик до 81 килограм, како и младиот Трајче Василев во дисциплината Кик Лајт до 30 килограми.

Посебно внимание привлекуваат настапите на младите Трајче Василев  Стефан Ефтимов, на кои ова им беше прво учество на Државно првенство. Како што веќе објави Спортска Мрежа, деветгодишниот Трајче Василев три години тренира во клубот, каде тренер е Мите Ашкилов. И покрај младоста, Трајче покажа храброст и талент, освојувајќи бронзен медал и најавувајќи светла иднина.

Одличен настап имаше и Александар Ивановски, кој прикажа квалитетна и борбена изведба. Иако овојпат не успеа да избори пласман во четвртфиналето, неговиот напредок и посветеност ветуваат дека неговото време допрва доаѓа.



Клубот Комбат зад себе има 17-годишна традиција и богата историја со настапи на европски и светски првенства, како и на европски и светски купови, од каде радовишките кикбоксери се враќале со бројни медали. Новите успеси од државната сцена се само уште една потврда за континуитетот во квалитетната работа и посветеноста на тренерскиот тим.

„Еден тим, едно срце – Combat!“ – порачуваат од клубот, горди на секој свој борец и мотивирани за нови предизвици и победи.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на домашен терен ја совладаа Шкендија Арачиново со 2:0, а херој на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...

Останато

Стартуваа и кадетите, одиграни првите турнири

По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!