Ракомет

Ѓукиќ: „Прво се мачевме, но во второто полувреме игравме на нашето ниво“ – Охрид го однесе триумфот во Бутел

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид со победа го отвори плеј-офот во Супер Лигата, славејќи на гостувањето кај Бутел Скопје со 28-22. Мечот не беше лесен, особено во првите 30 минути, но охриѓани во продолжението ја наметнаа својата игра. Еден од најрасположените во победничкиот табор, покрај капитенот- Ојлески, беше Дарко Ѓукиќ, кој натпреварот го заврши со шест погодоци.

Во изјава за Спортска Мрежа, српскиот интернационалец потенцираше дека тимот имал проблеми во нападот во првото полувреме, додека одбраната функционирала на посакуваното ниво.

ФОТО: ГРК Охрид

Според него, вистинското лице Охрид го покажал по паузата, кога со подобра реализација и повисоко темпо успеал да создаде доволна разлика за мирен финиш и стартна победа во плеј-офот. Ѓукиќ додаде дека фокусот сега се префрла кон Куп-обврските и дуелот со РК Алкалоид.

„Се мачевме во првото полувреме- најмногу во нападот, додека одбраната беше на ниво, ама во второто полувреме заигравме на нашето ниво и направивме доволна разлика за да започнеме победнички во плеј-оф фазата. Сега се вртиме кон Купот и подготовката за нашиот најважен натпревар- против Алкалоид.“- изјави Ѓукиќ за Спортска Мрежа.

Со ваков пристап и јасна насока кон следните предизвици, Охрид покажа дека знае како да одговори кога е најпотребно – и дека вистинските битки допрва следуваат.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Сите погледи кон Радовиш, „рибарите“ во битка за лидерската позиција во Втора лига

Сите погледи утре ќе бидат насочени кон Радовиш и Тетово, каде што ќе се одиграат двата одложени натпревари од четвртото коло во Втората...

Прва лигаФудбал

Јашар пред дуелот со „пиратите“: Ќе дадеме се од себе на крајот да се радува градот Штип и нашите навивачи

Брегалница и Скопје денеска во Штип го затвораат осмото коло од Првата македонска фудбалска лига. Штипјани сезонава на свој терен почнаа со две...

Поврзани написи
Ракомет

Прв женски ракометен форум во Охрид: Пет големи имиња на европскиот ракомет на едно место

Охрид во септември ќе биде во центарот на женскиот ракомет во регионот....

Ракомет

Алкалоид го дозна европскиот ривал: Келаг Ферлах е првата пречка кон нов европски поход!

Алкалоид го дозна својот противник во второто коло од ЕХФ Европскиот куп....

Ракомет

Хрватски предизвик за Бутел: Горица на патот кон третото коло!

Бутел Скопје доби балкански противник во второто коло од ЕХФ Европскиот куп....

Ракомет

Охрид го доби противникот за второто коло од ЕХФ Европскиот куп!

Актуелниот освојувач на трофејот во ЕХФ Купот, ГРК Охрид, ќе се соочи...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!