Прва лигаФудбал

Работнички сигурен против Шкупи, реми без победник во Струга

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Возбудливо 20. коло во Првата македонска лига донесе убедлива победа за Работнички и дерби без победник меѓу Струга Трим Лум и Вардар.

Работнички доминантен на „Тодор Проески“

На Арената „Тодор Проески“ во Скопје, Работнички со 3-0 го надигра Шкупи и стигна до втора победа во низа. Тимот од Дебар Маало уште од стартот наметна темпо, а по неколку закани, поведе во 37. минута преку Манојлов, кој со соло-акција ја круниса иницијативата.

Во второто полувреме домаќините продолжија со контрола на играта. По неколку пропуштени можности, Сухељ Мухарем во 78. минута зголеми на 2-0 по асистенција од Зија Мерџани, а само три минути подоцна Матеј Ангелов стави печат на убедливата победа.

Дербито во Струга заврши 1-1

Во Струга, лидерот Вардар поведе уште во 13. минута кога по корнер највисок во скокот беше Матиќ за 0-1. „Црвено-црните“ ја задржаа предноста до паузата, но во вториот дел домаќините ја презедоа иницијативата.

Притисокот на Струга Трим Лум вроди со плод десетина минути пред крајот, кога по прекин Малески се снајде најдобро во шеснаесетникот и израмни на 1-1. Во финишот Вардар имаше шанса за цел плен, но ударот на Босанчиќ заврши во стативата.

По ова коло, Вардар останува на врвот со 52 бода по 20 натпревари, Струга е трета со 43, додека Шкендија (45 бода) и Силекс (35 бода) имаат натпревар помалку.

Утрешната програма носи нови возбудувања – Арсими ја пречекува Македонија ЃП, а Тиквеш ќе биде домаќин на Силекс.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Драмата меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП заврши без победник, Вардар Неготино го „прегази“ Шампион

Дербито меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП понуди вистинска драма, а на крај двете екипи мораа да се задоволат со бод, откако одиграа...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран денеска меѓу екипите на ФК Силекс и ФК Шкендија Арачиново, домашната...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!