Останато

Охрид ги избра најдобрите за 2025: Владимир Димитријевиќ спортист на годината

Сподели
ФОТО: Општина Охрид
Сподели

Охрид на свечена седница ги избра најдобрите во спортот за 2025 година. Државниот првак по таеквон – до  Владимир Димитриевиќ  е спортист на годината за 2025 година.  Ова беше истакнато на манифестацијата „Спортист на годината“ што се одржа во големата општинска сала.

Наградата му ја врачи градоначалникот Кирил Пецаков посакувајќи  да  му се  множат  спортски успеси и  него и на  останатите  16 добитници на награди.

„Во деновите кога ја достигнавме спортската зрелост, кога се радуваме на историската победа на охридските ракометари кои ја издигнаа Македонија на пијадесталот во Европскиот куп во ракомет, организираме уште една голема церемонија посветена на најдобрите спортисти за 2025 година во Охрид.

Вие многу одамна сте разбрале дека спортот има огромно општествено, здравствено и национално значење. Сте израснале со здрави животни навики, несебично и макотрпно вложувајќи го својот дух и тело на спортските терени за името на нашата Света Македонија да биде испишано во најпознатите светски спортски алманаси.

И можеби од вас треба сите ние да учиме, дека само со единство, сложност, ведар дух и чиста мисла може да се дојде до колективен напредок и голем успех, зошто кој мисли само на лична репутација и докажување нема да успее.

„Способноста да се победиш самиот себеси е без сомнеж најзначајната од сите нешта кои спортот ги нуди.“

ФОТО: Општина Охрид

Карл Луис одамна рекол: „Кога ќе почувствувам дека можам да бидам број еден, немам намера да се задржувам повеќе на истото место“ , а јас одамна знам дека во Охрид се крие голем спортски потенцијал, охриѓани се одлични и вредни спортисти, наши најдобри амбасадори во Светот. Како одговорна локална власт во рамки на можностите максимално се вложуваме и како никогаш до сега субвенционираме и подржуваме спортисти, спортски настани и случувања. Се што се може, а е во наша надлежност за спортот и спортските активности реализираме, меѓу новините е и доедукација за спортски тренери.

Само и за годинава од општинскиот буџет за Спорт и рекреација се предвидени 73.490.000,оо денари.

Јас знам дека само оној кој вистински го сака спортот, како вода и леб како воздухот што го дише може да биде спортист. А тоа го гледам кај вас вечерва спортски асови, најдобри меѓу најдобрите.

Вечерва се поклонуваме пред успесите на спортистите кои покажаа одлични резултати во повеќе спортски дисциплини и категории, таеквондо, ракомет, пливање. Тука се и спортските надежи во индивидуални и колективни спортови, спортските легенди и спортските здруженија. Ви благодарам за секоја ваша несебична жртва, за секој Ваш успех што ни го предадовте како наша огромна гордост“, рече градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

Охридската спортска легенда, Здравко Тупаре кој ги ситни деновите од 10-та деценија, доби награда За посебни заслуги во спортот. Огромен е неговиот придонес за развој и напредок на водените спортови пред се веслањето.

ФОТО: Општина Охрид

Во групата на најдобрите се вброија и: охридските спортски надежи во Индивидуален спорт, Христијан Шибакоски (Таеквон-до) и Теа Донева (Борење), спортските надежи во колективен спорт, Давор Танески (фудбал) и Илија Трајчески (ракомет), Тренер на годината е Саша Попоски (Таеквон-до).

Најдобри спортисти од Охрид кои настапувале во клубови надвор од територијата на Општина Охрид се Марија Дуновска (ракомет) и Девран Куртис (пливање).

Спортска екипа на годината е Градски Ракометен Клуб „Охрид“ – Охрид.

Спортист со најдобар остварен резултат во водените спортови, пливање е Анастасија Цветаноска.

ФОТО: Општина Охрид

Спортист кој не е од Охрид, а настапува во екипа од Охрид е ракометарот Тилен Стрмљан.

Свои јубилеи од постоењето прославуваат и Меѓународната Илинденска Кајак Кану Регата – Охрид , Кајак Кану Клуб „Стрмец“ – Охрид, Турнир во мал фудбал – Велгошти, Здружение „Велгошка Гордост“ и Клуб за подводни дејности „Охрид“ – Охрид. Меѓу наградените беа и претставниците од Здружение на пензионери на општините Охрид и Дебрца за големите спортски резултати.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона ситуацијата на теренот е сосема поинаква, па претстојниот натпревар повеќе наликува...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Останато

Работнички го „збриша“ штипски Младост УГД со максимален ефект, Наковски Волеј ја доби Јанта Волеј

Стартуваше полуфиналната борба за шампионската титула во Првата одбојкарска лига на Македонија...

Останато

Ѓорческа елиминирана во Порторож, Завацка убедлива во два сета

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ турнирот во Порторож,...

Останати репрезентацииОстанато

Контроли со Косово пред Европската лига: Новиот селектор Гавриловиќ ја закажа прозивката

Женската сениорска репрезентација на Македонија ќе одигра два пријателски натпревари со селекцијата...

Останато

Штип УГД го „збриша“ ГОК Борец – „четата“ на Кристиан Ристески блиску до голема историја!

Одбојкарите на Штип УГД со убедлива победа од 3-0 во сетови над...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!