Втора лигаПрва лигаФудбал

ФОТО: ФФМ ги објави дописите од УЕФА за сомнителните натпревари во мак-фудбалот!

Сподели
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија преку соопштение сподели дописи добиени од Одделот за интегритет при УЕФА за сомнителни натпревари од неколку македонски екипи.

“Во врска со информациите кои беа пласирани во дел од медиумите, а се однесуваат на истрага за наместени натпревари на домашни клубови, како и во однос на прашањата доставени до Фудбалската федерација на Македонија, информираме дека во насока на целосна транспарентност и со цел објективно информирање на јавноста, ги споделуваме дописите добиени од Одделот за интегритет при УЕФА.

Станува збор за дописи кои се однесуваат на неколку натпревари од домашното првенство и контролни/пријателски натпревари, за кои се евидентирани нерегуларности поврзани со уплати во обложувалници.

Напоменуваме дека во објавените документи одредени чувствителни информации се соодветно заштитени (покриени), исклучиво во интерес на истрагата и во согласност со насоките на надлежните органи. Објавувањето на тие делови во овој момент би можело да наштети на тековните постапки.

Фудбалската федерација на Македонија тесно соработува со одделот за интегритет на УЕФА и со надлежните државни институции во рамки на своите надлежности, со цел целосно расчистување на сите наводи и сомнежи.

Истовремено, потенцираме дека ФФМ не е истражен орган, туку постапува согласно добиените информации и во координација со институциите кои имаат законска надлежност за понатамошно постапување.”



“Во моментов постојат индиции и за уште неколку натпревари, меѓу нив и мечот ФК Башкими – ФК Вардар Неготино од Втора МФЛ од сезоната 2025 одигран на 24. март, но поради чувствителноста на процесот и во интерес на истрагата, дополнителни информации ќе бидат споделени со јавноста кога предметите ќе бидат во понапредна фаза.”



“Во врска со натпреварот ФК Кожуф – ФК Башкими, како што е веќе познато, истиот е во судска постапка. Од тие причини, во интерес на истрагата не сме во можност да споделуваме било какви информации.”

“ФФМ останува целосно посветена на заштита на интегритетот на натпреварувањето и ќе продолжи со активна соработка со сите релевантни чинители во борбата против сите форми на нерегуларности во фудбалот.”



Сподели

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен ги освои бодовите во мечот со Истатов, тимот од Тетово се врати на врвот во ПЖФЛ

Љуботен триумфираше над Драчево совладувајќи го Истатов со резултат од 0:3, меч со кој се отвори седмото коло во Првата женска фудбалска лига....

Ракомет

Ѓукиќ по триумфот над Прилеп: „Целта беше брзо да се одлепиме, и успеавме во тоа“

Ракометарите на Охрид остварија висока и убедлива победа на домашен терен, совладувајќи го Прилеп со 34-18. Тренерот Борис Ројевиќ по натпреварот истакна дека...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен ги освои бодовите во мечот со Истатов, тимот од Тетово се врати на врвот во ПЖФЛ

Љуботен триумфираше над Драчево совладувајќи го Истатов со резултат од 0:3, меч...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф и тренерот Дарко Крстески спогодбено ја прекинаа соработката

Второлигашот Кожуф од Гевгелија и досегашниот тренер Дарко Крстески спогодбено ја прекинаа...

Прва лигаФудбал

Нова тренерска промена во Прва лига: Скопје остана без тренер, Муарем Муарем поднесе оставка

Прволигашот Скопје остана без тренер, откако Муарем Муарем поднесе оставка, со што...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!