Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Охрид и Шкендија Арачиново се одвоија, Скопје ја стигна Брегалница, Тетекс сигурен во баражот!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Со вчерашните мечеви од 16. коло беше отворен пролетниот дел во Втората македонска фудбалска лига, а првото пролетно коло направи минимални промени на табелата, но некои екипи се зацврстија на своите позиции.

Охрид го доби дербито со Беласица со 0:1 и на тој начин сега е на врвот со 39 бодови, а пак Шкендија Арачиново која славеше над Преспа со 4:1 е втора на табелата со 38 бодови. Овие две екипи се одвоија во однос на конкурентите.

Брегалница останува на третата позиција со 33 бодови, но поразот во Гевгелија од Кожуф му овозможи на Скопје кој ја доби убедливо Слога во Виница да дојде на бод негатива, бидејќи „пиратите“ од Автокоманда сега се на четвртото место со 32 бодови, а во случајот ја поминаа Беласица која се спушта на петтото место со 31 бод.

Новаци лесно ја отвори пролетната полусезона со убедлив триумф над Победа и останува на шестото место со 30 бодови, Детонит Плачковица беше убедлив над Големо Коњари и со тоа е седми со 29 бодови, а пак Осогово останува осми со 27 бодови откако ја доби Саса во финишот со 1:0.

Кожуф имаше важна победа над Брегалница, трите бодови се добредојдено за тимот од Гевгелија кој иако останува деветти односно во бараж зоната со 25 бодови прави сериозен чекор напред кон директен опстанок.



Тетекс го доби Вардар Неготино е се зацврсти во бараж зоната како десетти со 20 бодови, а пак Каменица Саса е на 11. место со 17 бодови или во бараж зоната.

Во зоната за директно испаѓање нема проблеми и натаму Вардар Неготино е на 12-тото место со 12 бодови, Победа е место подолу со 11 бодови, Преспа е на 14-тата позиција со девет бодови, Слога Виница е претпоследна со седум бодови, на дното е Големо Коњари со три бодови.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ГФК Охрид Лихнидос 16 12 3 1 39 10 +29 39
2 ЗФК Шкендија Арачиново 77 16 12 2 2 29 10 +19 38
3 ФК Брегалница 2008 АД 16 10 3 3 31 11 +20 33
4 ФК Скопје АД 16 10 2 4 36 16 +20 32
5 ФК Беласица АД 16 10 1 5 33 15 +18 31
6 ЗФК Новaци 2005 16 9 3 4 30 11 +19 30
7 ФК Детонит Плачковица 16 8 5 3 27 10 +17 29
8 ГФК Осогово 16 8 3 5 24 13 +11 27
9 ФК Кожуф Гевгелија 16 6 7 3 20 10 +10 25
10 ФК Тетекс 1953 16 6 2 8 28 28 0 20
11 ФК Каменица Саса 16 4 5 7 32 31 +1 17
12 ГФК Вардар Неготино 16 3 3 10 21 48 -27 12
13 ФК Победа АД 16 3 2 11 12 42 -30 11
14 ФК Преспа 16 3 0 13 17 41 -24 9
15 ФК Слога 1934 16 2 1 13 15 38 -23 7
16 ФК Големо Коњари 16 1 0 15 8 68 -60 3



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со жестоки казни: Суспензија од шест месеци за Бајрами, казни за Охрид и Брегалница

Дисциплинската комисија на ФФМ на денешната седница донесе повеќе одлуки по разгледувањето на случувањата на натпреварите од Македонската фудбалска лига. Фудбалерот на Охрид...

Останато

Ален Рустемовски запрен во полуфиналето, но се враќа со бронза од ЕП во Софија

Македонскиот боксер Ален Рустемовски не успеа да се пласира во финалето на Европското првенство во бокс во Софија, откако во полуфиналната борба беше...

Поврзани написи
Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со жестоки казни: Суспензија од шест месеци за Бајрами, казни за Охрид и Брегалница

Дисциплинската комисија на ФФМ на денешната седница донесе повеќе одлуки по разгледувањето...

Втора лигаФудбал

Утре стартува шестото издание на Втората женска лига: Осум екипи во борба за место во елитата

Утре стартува шестото издание на Втората женска фудбалска лига, во која во...

КупФудбал

КУП: Арсими ја декласираше Могила со 12 гола, хет-трик на Каба, два гола на Гаје

Прволигашот Арсими обезбеди пласман во осминафиналето од Купот на Македонија откако славеше...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!