Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Зејнулаи во финишот ја однесе Шкендија до триумф во Кратово и второ место на табелата

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Актуелниот шампион Шкендија запиша голема победа на гостувањето кај Силекс (1-2) во рамките на 19. коло од Прва македонска фудбалска лига, освојувајќи три бода со гол во самиот финиш од натпреварот.

На тешкиот терен во Кратово, средбата започна претпазливо, без многу ризик на двете страни. Тетовци први го отворија резултатот во 17. минута, кога по нафрлување од левата страна Фабрис Тамба одлично се снајде во шеснаесетникот и со прецизен удар го совлада Љупче Џеков за 0-1.

До паузата гостите имаа можност и да го зголемат водството. Алхасан со атрактивен волеј ја погоди пречката, а во продолжение од акцијата Тамба повторно се закани, но домашниот голман беше на висина на задачата. Промашувањата беа казнети во 45. минута, кога Едиз Бутуровиќ ја искористи една несигурна реакција во одбраната на Шкендија и израмни на 1-1.

Во второто полувреме Силекс делуваше поофанзивно и создаде неколку солидни ситуации пред голот на Гаје, но реализацијата изостана. На спротивната страна, Шкендија трпеливо ја чекаше својата шанса, иако во одредени моменти беше потисната.

Решението пристигна во 89. минута. Арбин Зејнулаи се одлучи на удар од дистанца, ја зафати топката со волеј, а таа по одбивањето од тревникот заврши зад грбот на Џеков за конечни 1-2 и голема радост на гостинскиот табор.

Со оваа победа Шкендија стигна до 45 бода и се искачи на втората позиција на табелата, со шест бода негатива во однос на лидерот Вардар и три повеќе од Струга. Силекс останува четвртопласиран со 35 освоени бодови.



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Роденденска победа: Младост славеше, а Жоао Габриел Диас Гекас доби изненадување

Младост Богданци вечерва убедливо го совлада Текстилец со 36:22 во елиминациската фаза од ракометниот Куп на Македонија, но триумфот имаше и дополнителна симболика....

Ракомет

Младост доби нов бисер: 13-годишниот Иванџиков дебитираше и погоди во Купот

Младост Богданци вечерва оствари убедлива победа од 36:22 над Текстилец во првата елиминациска фаза од Купот на Македонија, но резултатот не беше единствената...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Второлигашот Скопје се засили со Душко Трајчевски

Второлигашот Скопје за пролетната полусезона се засили со поранешниот репрезентативец Душко Трајчевски,...

КупФудбал

Силекс сигурен во Кратово, за полуфинале со сензацијата Охрид

Без изненадување во Кратово – прволигашот Силекс со убедливи 0:3 го совлада...

Втора лигаФудбал

Верните „Рибари“ најавуваат огромна поддршка за Охрид на дербито со Шкендија Арачиново

Во сабота на „Билјанини Извори“ се игра големото дерби меѓу двете водечки...

Прва лигаФудбал

Игор Ристов потпиша професионален договор со прволигашот Брера Струмица

Младиот фудбалер Игор Ристов потпиша тригодишен професионален договор со прволигашот АП Брера...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!