КупФудбал

Поради немање ВАР на „Хасанбег арена“, Шкендија Арачиново четвртфиналето од Купот со Работнички ќе го игра во Куманово

Сподели
Сподели

Второлигашот Шкендија Арачиново во четвртфиналето од Куп на Македонија ќе се соочи со прволигашот Работнички, но натпреварот нема да се одигра на „Хасанбег арена“ во Скопје. Наместо тоа, дуелот ќе се игра на стадионот на Башкими во Куманово.

Причината за оваа промена е недостигот од имплементирана ВАР-технологија на „Хасанбег арена“, каде што Шкендија Арачиново ги игра своите домашни натпревари. Поради тоа, раководството на клубот од Арачиново информираше дека четвртфиналната пресметка од Купот ќе се одигра во Куманово.

Воедно, од ФК Шкендија Арачиново изразија искрена благодарност до раководството на ФК Башкими за подготвеноста и континуираната поддршка, истакнувајќи дека вратите на клубот од Куманово им се отворени секогаш кога тоа е потребно.

Натпреварот ќе се одигра на 25 февруари (среда) од 14 часот.



Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Марјан Младеновски ќе им суди на Еуромилк ГЛ и Аеродром, Дејан Младеновски на Студеничани и Кадино

Денес со мечот меѓу БВК Коњаре и Ржаничино ќе биде отворено 20. коло на Трета лига – Север, а кое коло ќе се...

Прва лигаФудбал

Џангаровски: Македонија ЃП има карактер и верба дека ќе успее во битката за опстанок

Денеска во рамките од 28. коло од домашното првенство на стадионот Петар Милошевски во Битола од 15:00 часот ќе се сретнат екипите на...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Џангаровски: Македонија ЃП има карактер и верба дека ќе успее во битката за опстанок

Денеска во рамките од 28. коло од домашното првенство на стадионот Петар...

Прва лигаФудбал

Вардар денес како на „тренинг“ треба лесно да ги освои бодовите со Шкупи

Она што некогаш беше празник на фудбалот во главниот град, во моментов...

Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!