УЕФА ја делегираше најдобрата македонска судијка Ивана Пројковска за четврт судија на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Волфсбург кој се игра во Торино.
Главна судија на мечот ќе биде Фрида Миа Кларлунд од Данска, а пак линиски судии ќе бидат Сидсел Фабрисиус од Данска и Алиса Левалампи од Шведска.
Натпреварот е закажан за утре со почеток од 18:45 часот.