ИнтернационалциФудбал

ВИДЕО: Разговор со навивачи на Самсунспор во Скопје – веруваат во триумф над Шкендија

Сподели
Сподели

Во пресрет на утрешниот дуел од плеј-офот на Конференциската лига на УЕФА меѓу македонскиот шампион Шкендија и турскиот претставник Самсунспор, атмосферата во Скопје веќе се загрева.

Нашиот колега Буран Муслиу од Спорти Сот имаше можност да поразговара со двајца навивачи на Самсунспор, кои пристигнаа во главниот град за да му дадат поддршка на својот тим. Тие истакнаа дека очекуваат позитивен резултат и веруваат дека нивниот клуб има квалитет да избори победа на гостински терен.

Покрај оптимизмот за исходот, турските фанови споделија и позитивни впечатоци од престојот во Скопје, нагласувајќи дека се чувствуваат добредојдени и дека атмосферата пред натпреварот е одлична.

Целиот разговор со навивачите на Самсунспор погледнете го во видеото во продолжение.





Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!