Прва лигаФудбал

Стојаноски: Екипата е максимално спремна и мотивирана – одиме на позитивен резултат со Башкими

Сподели
ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија
Сподели

Пелистер со убедливи 4-1 против Работнички го отвори пролетниот дел од сезоната во Првата лига и најави амбициозен настап во продолжението од шампионатот. Битолчани прикажаа ефикасна и организирана игра, а стартот им носи дополнителна самодоверба пред новиот предизвик кој следува веќе утре.

Шефот на стручниот штаб Милан Стојаноски во изјава за Спортска Мрежа истакна дека триумфот радува, но потенцираше дека тимот има простор за напредок.

„Задоволни сме од резултатот, има некои работи што треба да се коригираат во играта, но се надеваме дека како времето поминува, така ќе изгледаме се подобри и подобро“, изјави Милан Стојаноски за Спортска Мрежа.

Пелистер нема многу време за славје, бидејќи веќе утре го очекува гостување кај Башкими во Куманово. Тренерот предупредува дека ривалот заслужува респект, но верува во квалитетот и моменталната атмосфера во својот тим.

„Башкими е добра екипа, има позитивен резултат од Кратово во првото пролетно коло. После победата над Работнички во нашата екипа владее позитивна атмосфера, екипата е максимално спремна и мотивирана и се надеваме на позитивен резултат“, дополни Стојановски.

Натпреварот меѓу Башкими и Пелистер се игра утре со почеток од 14 часот, а битолчани ќе се обидат да ја продолжат победничката низа и да го потврдат одличниот старт во пролетниот дел.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово и Огражден максимални по три кола, три екипи без бодови во Трета лига регион 3

По три одиграни кола во Третата македонска фудбалска лига – Регион 3, две екипи имаат максимален учинок и по девет освоени бодови. На...

Кошарка

(ВИДЕО) Кожув со нов тим и високи амбиции: Гевгеличани целат кон топ четири во новата сезона

Новата натпреварувачка сезона под покровителство на Кошаркарската федерација на Македонија е пред самиот старт, а КК Кожув Гевгелија со јасно поставени цели влегува...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Победа Валандово и Огражден максимални по три кола, три екипи без бодови во Трета лига регион 3

По три одиграни кола во Третата македонска фудбалска лига – Регион 3,...

КупФудбал

КУП: Дарко Стојанов ќе го суди дербито меѓу Каменица Саса и Скопје, Вјолца Изеири ќе им суди на Вардар и Пелистер

Утре се играат натпреварите од осминафиналето од Купот на Македонија во женска...

ИнтернационалциФудбал

Давид Масевски направи чекор кон Словачка: 21-годишниот кумановец потпиша за Тренчин

Младиот кумановски фудбалер Давид Масевски направи нов чекор во својата кариера и...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!