Ракомет

Ракометниот караван на РФМ пристигнува во Богданци – дружба со Новоселска, Узунчев и Гугуљанова

Сподели
Сподели

Ракометната федерација на Македонија продолжува со својата мисија за популаризација на ракометот меѓу најмладите, а следната станица на Ракометниот караван е Богданци. Под мотото „Ракомет – нашата игра, нашиот свет“, на 21 февруари 2026 година (петок), во спортската сала „Млаз“, од 13:00 до 15:00 часот, дечињата ќе имаат можност да бидат дел од вистински ракометен празник. Влезот е слободен.

Караванот носи игра, насмевки и дружење, а специјални гости во Богданци ќе бидат поранешните македонски репрезентативци Лилјана Новоселска и Ристо Узунчев, како и актуелната сениорска репрезентативка Марија Гугуљанова.

Лилјана Новоселска, поранешна ракометарка на ЖРК „Млаз“ Богданци и член на сениорската репрезентација на Македонија, во моментов е активен тренер во ЖРК Југ Гевгелија, каде работи со млади категории и е посветена на развојот на младите ракометни таленти.

Ристо Узунчев е поранешен репрезентативец со богата кариера во клубови како Вардар, Младост Богданци и Борец Велес, со освоени титули во македонското првенство. Денес е тренер, а неговото спортско наследство го продолжуваат и синовите Димитар и Тодор Узунчеви, млади репрезентативци на Македонија.



Марија Гугуљанова е ракометарка која се издвојува со својата борбеност, прецизност и дисциплина. Поранешна кадетска и младинска репрезентативка, таа денес е дел од сениорската репрезентација на Македонија.

Од РФМ упатија порака: „Дечиња, пристигнуваме во Богданци!“ – со покана сите љубители на ракометот да дојдат, да играат и да се дружат со своите идоли. Богданци ќе биде новата станица каде ракометот повторно ќе ја обедини младината околу спортот и позитивната енергија.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово и Огражден максимални по три кола, три екипи без бодови во Трета лига регион 3

По три одиграни кола во Третата македонска фудбалска лига – Регион 3, две екипи имаат максимален учинок и по девет освоени бодови. На...

Кошарка

(ВИДЕО) Кожув со нов тим и високи амбиции: Гевгеличани целат кон топ четири во новата сезона

Новата натпреварувачка сезона под покровителство на Кошаркарската федерација на Македонија е пред самиот старт, а КК Кожув Гевгелија со јасно поставени цели влегува...

Поврзани написи
Ракомет

Текстилец максимален по три кола, Радовиш до бод против Пролет, Вардар Неготино го „тресна“ Сокол Саса со 50 гола

Текстилец од Штип продолжува со максимален ефект во новата сезона во Првата...

Ракомет

Еурофарм Пелистер втор фаворит за европскиот трофеј!

Еурофарм Пелистер доби високо признание од Европската ракометна федерација пред стартот на...

Ракомет

Мате пред дербито со Вардар: „Очекувам тежок меч, но одиме по два бода!“

ГРК Охрид го очекува нов голем предизвик во Супер лигата, а во...

Ракомет

Вардар и Охрид повторно еден против друг, билетите веќе во продажба!

Нов голем ракометен дуел е закажан во Супер лигата, каде што Вардар...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!