Прва лигаФудбал

Огромна победа на Брера во Гостивар – важен триумф над Арсими

Сподели
ФОТО: ФК Брера Струмица
Сподели

Брера Струмица освои огромни три бода на жешкото гостување кај Арсими 1973, славејќи со 0-2 во рамки на 18. коло од Првата македонска фудбалска лига. Струмичани одиграа дисциплиниран и тактички зрел натпревар, а казната за домашните стигна во клучните моменти од двете полувремиња.

По внимателен почеток со многу борба на средината од теренот, гостите го зададоа првиот удар во 23. минута. Леонардо Петровиќ проби по левата страна, влезе во казнениот простор и со прецизен удар го совлада Иљази за 0-1 и голема радост кај струмичани.

Во продолжението Арсими се обиде да возврати. Домаќините ја презедоа иницијативата, создадоа неколку опасни ситуации, ја погодија и стативата, а најзрелата шанса ја имаше Ремзифаик Селмани кој од непосредна близина со глава не успеа да го израмни резултатот. Се заканија и Цуцули и Јусуфу, но одбраната на Брера издржа под притисокот.



Струмичани, пак, чекаа своја можност од контранапад. Тодоров во вториот дел пропушти одлична прилика да ја удвои предноста, но потврдата за победата стигна во судиското продолжение. Во 90+3 минута, по брз противнапад, Стојанов со прецизен удар ги постави конечните 0-2.

Со оваа шеста победа сезонава Брера дојде до 23 бода и направи значаен исчекор во борбата за опстанок, додека Арсими го запиша вториот пораз во пролетниот дел и остана на 22 бода, дополнително комплицирајќи ја својата позиција на табелата.



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Џатевска останува во Унгарија: Македонската репрезентативка ја продолжи соработката со Сомбатхељи

Македонската ракометарка Ивана Џатевска ќе продолжи да настапува во унгарскиот шампионат, откако официјално го продолжи договорот со Сомбатхељи за сезоната 2026/27. 22-годишната пикерка...

Втора лигаФудбал

Охрид го доживеа првиот сезонски пораз: „Рибарите“ немоќни против Марибор

Екипата на Охрид го доживеат првиот сезонски пораз откако во рамки на 5. коло на ЕРС (eFootball Pro Champions) загуби од тимот на...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид го доживеа првиот сезонски пораз: „Рибарите“ немоќни против Марибор

Екипата на Охрид го доживеат првиот сезонски пораз откако во рамки на...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Ева Андонова убедливо најдобар стрелец во Втората женска фудбалска лига, еве колку голови има!

Во Втората женска фудбалска лига веќе многу работи станаа јасни и всушност...

Трета лигаФудбал

Двајца фудбалери го пропуштаат 17. коло во Трета лига – Исток!

В недела се играат мечевите од 17. коло на Третата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!