Втора лигаФудбал

Беласица ги промовираше Ерион Шуку и Бујар Иљази

Сподели
ФОТО: ФК Беласица
Сподели

Беласица ги промовираше Ерион Шуку и Бујар Иљази како засилувања за пролетниот дел во Втората македонска фудбалска лига.

Ерион Шуку е централен офанзивен играч кој во Струмица доаѓа од редовите на прволигашот Шкупи. Низ неговата кариера 21-годишникот настапуваше и за Скопје, Арсими, Слога од Виница, а кариерата ја започна во Шкупи.

Иљази е крилен играч кој доаѓа од редовите на Шкендија Арачиново, се работи за квалитетен, а 25-годишниот фудбалер беше дел и од Куманово, Академија Илинден, Гостивар, Велазерими од Кичево, Генч Калемлер и Шкупи од каде и ја започна кареирата.



Беласица пролетната полусезона ја отвара против Охрид на домашен терен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!