Трета лигаФудбал

ОФС Валандово отвора врата за идни фудбалски судии

Сподели
Сподели

Општински фудбалски сојуз Валандово распиша конкурс за фудбалски судии – машки и женски, со цел проширување и подмладување на судискиот кадар.

Право на пријавување имаат сите лица со наполнети 16 години кои имаат желба да започнат кариера како фудбалски судија и активно да се вклучат во фудбалските натпреварувања.

Конкурсот ќе биде отворен во наредниот период, а сите заинтересирани можат да се пријават кај:

  • Златко Зафиров – 078 381 650
  • Славе Станисавовски – 071 513 537
  • Петар Манчев – 070 788 430

Од ОФС Валандово информираат дека пријавените кандидати ќе добијат соодветна обука и едукација за правилата на фудбалската игра, како и практичен дел преку кој ќе стекнат искуство на терен.



Со овој конкурс, ОФС Валандово им нуди шанса на младите кои сакаат да бидат дел од фудбалот, но од поинаков агол – како арбитри што ќе ја делат правдата на натпреварите.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Лазаров го стартуваше походот кон СП 2027: Репрезентацијата на прва прозивка пред Словачка!

Машката сениорска репрезентација на Македонија го одржа официјалниот собир пред клучниот бараж натпревар против Словачка за пласман на Светското првенство 2027. Дуелот ќе...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Висока победа за Тиверија Брера, Истатов преку Чонева до три бода, Саса го урна новиот шампион Скопје

Тиверија Брера со високи 1:4 славеше над ланскиот шампион Љуботен на гостински терен, во рамки на 24. коло на Првата женска фудбалска лига....

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Тиквеш бара излез од кризата на тешко гостување кај Македонија ЃП

Тиквеш во финишот од сезоната влезе во резултатска криза, а турбулентниот период...

Прва лигаФудбал

Џелил Абдула: Целта е јасна – три бода против Башкими

Арсими денеска пред своите навивачи во Гостивар ќе го одигра еден од...

Прва лигаФудбал

Мурати: Верувам дека притисокот врз домаќините ќе биде наша предност

На две кола до крајот на сезоната во Првата македонска фудбалска лига,...