Ракомет

Стрмљан пред ЕХФ дуелот: „Знаеме дека нема да биде лесно, но одиме на победа“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Средниот бек на ГРК Охрид, Тилен Стрмљан, е еден од клучните играчи на Охридската ракометна Тврдина и важен мотор во средината на теренот. Со своето искуство и лидерски квалитети, Стрмљан е подготвен да го води тимот во осминафиналниот дуел од ЕХФ Купот со Дукла Прага.

На денешната прес- конференција за новинари, борбениот словенечки ас нагласи колку им е важна поддршката од навивачите и колку тимот е мотивиран за утрешното соочување.

„Ни доаѓа силна екипа, што се бори за титулата во домашниот шампионат. Ние сме добро подготвени за нив и ќе дадеме 100% од нашите сили. Знаеме дека нема да биде лесно, но одиме на победа, тоа е нашата цел. Посакуваме полна сала и голема поддршка, а ние ќе дадеме сè од себе за на крај сите заедно да се радуваме на победа.“, изјави Стрмљан.

ФОТО: ГРК Охрид

Стрмљан и екипата влегуваат во мечот со одлична атмосфера и самодоверба по двете значајни победи во домашниот шампионат, а неговата упорност и страст кон играта ќе бидат клучни за тоа Охрид да тргне со позитивен резултат пред реваншот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј 2026, Полска, е следниот противник на македонската одбојкарска репрезентација. Дуелот од...

Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во Струмица, со почеток од 19:00 часот, ќе се соочат екипите на...

Поврзани написи
Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на...

Ракомет

Охрид ‘безмилосен’ во Езерското дерби: „Гладијаторите“ со убедливи 33-16 против Струга

ГРК Охрид стигна до првата победа во новата сезона во Супер лигата,...

Ракомет

ФОТО: Салата “Млаз” е подготвена за дуелот меѓу Младост и Прилеп – вечерва Богданци ќе живее за ракометот

Сè е подготвено во Богданци за првиот домашен натпревар на РК Младост...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!