Прва лигаФудбал

Македонија ЃП со двојно засилување: Лазаревиќ се враќа дома, Ајдоган носи офанзивна енергија

Сподели
ФОТО: ФК Македонија ЃП
Сподели

Фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Петров продолжува активно да го склопува тимот за вториот дел од сезоната, а во таа насока ги ангажираше Стефан Лазаревиќ и Огузан Ајдоган.

Во дефанзивната линија повторно ќе го гледаме Стефан Лазаревиќ, кој по третпат во својата кариера го облекува дресот на „лавовите“. Десниот бек ја мина есенската полусезона во ФК Скопје, а претходно настапуваше и за Работнички. Лазаревиќ е дете на Македонија ЃП и токму во Ѓорче Петров ги има забележано и најмногу настапи во својата кариера. Покрај матичниот клуб, има играно и за Гостивар, Тетекс, Борец, Вардар и Силекс, што го прави еден од поискусните домашни дефанзивци.

Офанзивниот дел од тимот, пак, ќе биде збогатен со доаѓањето на Огузан Ајдоган, турски фудбалер со германски пасош, кој пристигнува по настапите за Башкими. Ајдоган веќе има искуство во македонскиот фудбал, бидејќи претходно настапуваше и за Гостивар, а зад себе има и интернационална кариера во Германија и Турција, каде играл за клубови како Карлсруе, Алеманија Ахен и Анкараспор. Дополнителна тежина на неговото CV му дава и младинското искуство во академиите на Шалке, Борусија Дортмунд и Бешикташ.


Со ангажманот на Лазаревиќ и Ајдоган, Македонија ЃП јасно испраќа порака дека сака поголема стабилност и поширок избор во сите линии, со цел успешно да ја води борбата за опстанок во Првата македонска фудбалска лига во пролетниот дел од сезоната.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот старт со три порази од толку натпревари во кумановскиот прволигаш пристигнаа...

Ракомет

ФОТО: Охрид со моќно второ полувреме до нова победа – „гладијаторите“ на чекор до финале на „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид продолжува со одличниот настап на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во рамки на групата А ја совлада Војводина со убедливи 30-19...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот...

Трета лигаФудбал

Паунов: Амбициите на Каменица Саса се јасни – враќање во Втора лига, атмосферата е одлична!

Искусниот Драган Паунов по вторпат во кариерата ќе го носи дресот на...

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот...

ИнтернационалциФудбал

Дориев не запира: Уште еден гол и нова победа за Согдиана!

Македонскиот интернационалец Љупче Дориев продолжува да игра во извонредна голгетерска форма во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!