Останато

ФОТО: Виница ги прогласи најдобрите „Спортски асови 2025“ – Давид Ристов е најдобар спортист

Сподели
ФОТО: Општина Виница
Сподели

Општина Виница успешно ја реализираше традиционалната спортска манифестација „Спортски асови 2025“, настан кој уште еднаш потврди дека спортот е една од клучните вредности што ја обединува локалната заедница и создава здрави генерации и вистински спортски амбасадори на градот.

Во свечена атмосфера беа доделени плакети, благодарници и признанија на најуспешните спортисти, спортски екипи и спортски работници за нивните резултати и придонес во текот на 2025 година. Добитниците беа избрани врз основа на Јавниот повик бр. 10-15, објавен на 9 јануари 2026 година.

Давид Ристов – Најдобар спортист на Виница за 2025 година

Централно место на манифестацијата заслужено му припадна на Давид Ристов, кој ја доби плакетата за Најдобар спортист за 2025 година, признание за неговите исклучителни спортски достигнувања и континуирана посветеност.

Добитници на плакети

  • Плакета за постигнување високи меѓународни резултати во спортот – Лука Змејковски
  • Плакета за Млад надежен спортист – Лука Гошев
  • Плакета за Најдобра спортска екипа – ГФК „Слога 1934“
  • Плакета за Млада надежна спортистка – Јана Колишева
  • Плакета за Животно дело во спортот – Виница – Влатко Гошев


Благодарници за унапредување на спортскиот дух

За својот придонес во развојот на спортската култура и спортскиот дух во Виница, благодарници добија:

  • Бадминтон клуб „Винчини“
  • Кошаркарски клуб „Винеам“
  • Филип Атанасов
  • Благој Ристов


Признанија за високи спортски резултати

Со признанија за постигнати високи резултати во спортот беа наградени:

  • Никола Цветанов
  • Христијан Илиев
  • Петар Захариев

Оваа година, за првпат, Општина Виница ја додели и новата награда „Животно дело во спортот на Виница“, како трајно признание за долгогодишна посветеност и значаен придонес во развојот на спортот во општината.

Со оваа манифестација, Општина Виница уште еднаш ја потврди својата определба и во иднина активно да го поддржува спортот, да ги вреднува спортските успеси и да го негува спортскиот дух кај младите и возрасните.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!