Ракомет

Блажески: „Фокусот ни е секогаш да одиграме максимално на секој меч“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на ГРК Охрид влегуваат во исклучително напорен период со натпревари на секои неколку дена. По дуелот од 20. коло во Супер лигата против МРК Куманово, „гладијаторите“ веќе во сабота ги очекува и нов европски предизвик во ЕХФ Европскиот куп против чешка Дукла Прага, што дополнително го зголемува значењето на секој одигран меч во овој ритам.

Охриѓани во вторник гостуваат во Куманово, каде домашниот тим секогаш има поддршка од својата публика во салата „Перо Наков“. И покрај набиениот распоред и процесот на адаптација на новите играчи, стручниот штаб и ракометарите се максимално фокусирани на продолжување на серијата добри резултати.

Голманот на ГРК Охрид, Бојан Блажески, го најави мечот со Куманово. Тој потенцираше дека тимот оди чекор по чекор, со целосна концентрација на секој натпревар, без разлика на густината на календарот и предизвиците кои следуваат.

„Овој период нè очекува набиен распоред. Нашиот фокус е секогаш да одиграме максимално на секој меч, особено во овој период во кој имаме и нови играчи кои треба да се привикнат на нашиот систем. Ни следува Куманово, каде секој натпревар имаат подршка од домашната публика. Ние се подготвуваме, анализираме и одиме да ја продолжиме серијата на одлични резултати.“- изјави Блажески.

Дуелот во Куманово е уште еден важен тест за формата и карактерот на ГРК Охрид во серијата натпревари кои следуваат. Со јасна цел, стабилна игра и фокус на сопствените задачи, охриѓани ќе се обидат да ја потврдат добрата форма, пред вниманието да се насочи кон европскиот предизвик со Дукла Прага во рамки на ЕХФ Европскиот куп.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Пелистер и Брера без победник, Кожуф го совлада Шкупи, историска победа за Камјани

Пелистер и Брпера одиграа без победник, 0-0, во натпревар во кој гостинскиот состав успеа да стигне до голем бод и покрај тоа што...

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра...

Ракомет

„Не сме поразени од таков голем тим како Загреб“ – Ојлески по драматичното реми!

Ракометарите на Охрид повторно ќе се борат за трофејот на меморијалниот турнир...

Ракомет

Охрид со неверојатен кам-бек до финалето: „Гладијаторите“ го запреа Загреб во последните секунди!

Ракометарите на Охрид се пласираа во големото финале на меморијалниот турнир „Крсте...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!