ФудбалФутсал

Дерби на Кораби и Овче Поле, дерби на Кратово и Карадаку за први бодови!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од 5. коло на Втората футсал лига на Македонија, кое ќе биде отворено во петок со три натпревари, в сабота ќе се одиграат два, а ќе се затвори в недела со еден меч.

Во петок ССК Скопје на домашен терен ќе се соочи со екипата на Енхалон во дуел на две екипи кои ќе се соочат за втората сезонска победа. Дербито на колото ќе го одиграат Кораби и ланскиот прволигаш Овче Поле.

Двете екипи немаат право на грешка во оваа меѓусебно соочување бидејќи и двете екипи ги сакаат првите две места за влез во Првата футсал лига. Овче Поле отворено сака експресен камбек во футсал елитата на Македонија.

Дерби од дното на табелата ќе се одигра во Кратово, ова ќе биде дерби за први бодови и прва победа на Кратово и ланскиот прволигаш Карадаку, две екипи кои се во најлоша форма и со катастрофален старт.

В сабота во Прилеп ќе се соочат Победа и Каршиака, во натпревар каде Победа која тргна убедливо на првиот натпревар но потоа нанижа три порази ќе ја бара втората радост.

Во Штип лидерот Мал Ајакс како голем фаворит ќе игра против екипатана СЕЕ Университи од Тетово. Штипјани се на врвот од табелата со максимални 12 бодови и сакаат влез во Првата футсал лига. Мал Ајакс состави млад тим со свои играчи и засега им оди одлично.

В недела колото ќе се комплетира во Брвеница каде ќе играат Партизан Југ и Балкан, каде практично се очекува неизвесен меч со голема борба за трите бодови.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ФУТСАЛ ЛИГА ПРЕД 5. КОЛО:

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!