Ракомет

Охрид со моќно издание го „збриша“ Прилеп, деби за Вуко Борозан

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

ГРК Охрид со моќно издание го отвори вториот дел од сезоната во македонската Суперлига, откако на домашен терен без поголеми турбуленции славеше над Прилеп со 28-17, потврдувајќи ја улогата на фаворит.

Иако во воведниот дел гостите се обидоа да останат резултатски блиску, охриѓани постепено ја преземаа контролата и наметнаа ритам кој Прилеп не успеа да го следи. Клучниот исчекор дојде во продолжението, кога поширокиот ростер и темпото на домашниот тим целосно дојдоа до израз, а разликата брзо почна да расте.

Натпреварот ќе се памети и по дебито на Вуко Борозан, кој за првпат настапи во дресот на Охрид и се запиша меѓу стрелците, најавувајќи дека ќе биде значајна опција во ротацијата на тренерот Борис Ројевиќ. Во нападот се истакна Гоце Ојлески, додека стабилноста во одбраната и на голот беше уште еден од факторите за убедливиот триумф.

Со оваа победа, Охрид испрати јасна порака дека влегува сериозно во продолжението од шампионатот и дека ќе продолжи да биде силен конкурент во борбата со екипите од врвот, додека Прилеп, и покрај борбеноста, не најде решение за доминацијата на „рибарите“ во второто полувреме.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!