Европско првенство 2026Ракомет

Гидсел се израмни со Лазаров на листата на стрелци и има шанси за рекорд

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Феноменалниот Матиас Гидсел беше клучен за пласманот на Данска во финалето на Европското првенство, а неговата блескава голгетерска партија го стави на врвот на статистиките, израмнувајќи го со македонскиот ас- Кирил Лазаров.

Имено, Гидсел постигна седум гола во вечерашното полуфинале против Исланд, со што неговиот вкупен број на погодоци на шампионатот достигна 61. Со оваа бројка, тој се израмни со рекордот на нашиот најдобар голгетер- Кирил Лазаров, кој на ЕП 2012 во Србија постигна 61 погодок и долго време беше несовладлив на врвот на листата на стрелци.

Меѓутоа, по завршувањето на мечот за петтото место, на листата со 61 гол се израмни и Португалецот- Франциско Кошта. Лидер на оваа листа е норвешкиот стрелец Сандер Сагосен, кој на ЕП 2020 постигна 65 гола.

Со финалето што следува, Гидсел има реална шанса да го собори рекордот на Сагосен. Исто така, Данецот Симон Питлик, со 56 погодоци досега на шампионатот, може со одличен настап во финалето да се искачи на врвот на листата.


ЛИСТА НА НАЈМНОГУ ГОЛОВИ НА ЕДНО ЕП 

65 – Сандер Сагосен (Норвешка, 2020)

61 – Кирил Лазаров (Македонија, 2012)

61 – Матиас Гидсел (Данска, 2026)

61 – Франциско Кошта (Португалија, 2026)

59 – Омар Инги Магнусон (Исланд, 2022)

58 – Стефансон (Исланд, 2002)


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс му се доближува на бод со победа, Вардар во Кратово може да ја намали разликата до врвот

Силекс освои 11 од своите 17 бода во Кратово. В сабота, 7 ноември од 13 часот, таму го пречекува Вардар, кој има 21...

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Поврзани написи
Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

ФОТО: Сè е подготвено за Луксембург – Македонија го одработи последниот тренинг!

Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!