Кошарка

Ланскиот прволигаш Охрид доживеа тежок пораз, Маџари до висока победа, Црн Дрим го „тресна“ Ангели!

Сподели
Сподели

Четвртото коло донесе промени на табелата во Втората кошаркарска лига на Македонија, откако Ангели загуби на гостувањето во Струга од екипата на Црн Дрим со резултат од 79:74.

Соколи на домашен терен во Штип со превисоки 95:63 го декласираа ланскиот прволигаш Охрид, кој немаше капацитет да парира и да пружи отпор. Дебакл доживеа и ланскиот прволигаш Академија ФМП од екипата на Маџари со резултат од 58:94.

Работнички 2018 загуби со тесни два поени од екипата на Бутел односно со резултат од 88:90, а пак Воднос Санс беше убедлив над Мега Баскет. Тесен пораз доживеа тимот на МЗТ Скопје од Борец Баскет со резултат од 75:78.

Лидер на табелата е Маџари кој се врати на врвот со седум бодови, а толку бодови имаат и екипите на Соколи, Борец Баскет, Ангели и Црн Дрим.

На 6. место на табелата е Мега Баскет со шест бодови, а толку бодови има Бутел и МЗТ Скопје. По пет бодови имаат Работнички 2018, Водно Санс и Охрид, а на дното е Академија ФМП со четири бодови.

Практично ланските прволигаш Охрид и Академија ФМП имаат катастрофален почеток на сезоната и се наоѓаат на дното од табелата. Наместо екипа и игра за враќање во елитата, како тргнало двете екипи ќе водат борба и за опстанок во Втора лига, иако е почеток на сезона.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА КОШАРКАРСКА ЛИГА 4. КОЛО:

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Дејан Михајловиќ останува верен на Бутел Скопје – кружниот напаѓач потпиша до 2028 година

Ракометниот клуб Бутел Скопје продолжува со создавањето на ростерот за наредните сезони, а една од најважните задачи беше успешно завршена. Кружниот напаѓач Дејан...

Ракомет

Младоста продолжува да се засилува: Мартин Иванов ново десно крило за богданчани

Новиот суперлигаш РК Младост 1977 од Богданци продолжува со засилувањата во пресрет на новата сезона, а најново име во редовите на клубот е...

Поврзани написи
Кошарка

Најдобриот тренер во Супер лигата седнува на клупата на КК Кожуф

Кошаркарскиот клуб Кожуф од Гевгелија го назначи Миодраг Тодоровиќ за нов шеф...

Кошарка

Ново издание на ФИБА развојниот кошаркарски камп во Негорски Бањи – 60 млади таленти на заеднички тренинзи

Во Негорски Бањи денеска започнува новото издание на развојниот кошаркарски камп, кој...

Кошарка

Петар Денковски дел од годишната Клиника за европски ФИБА инструктори во Самоков

Нашиот национален ФИБА инструктор, Петар Денковски, учествуваше на годишната Клиника за европски...

Кошарка

Хорхе Гарбахоса: Драго ми е што Македонската кошаркарска федерација е повторно на вистинскиот пат

Претседателот на ФИБА Европа, Хорхе Гарбахоса, престојуваше во Скопје по повод одржувањето...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!