Ракомет

Познато како ќе изгледа борбата за шампионската титула во женската ракометна Суперлига!

Сподели
ФОТО: WHC ÇAIR
Сподели

Пролетниот дел од женската ракометна Суперлига ќе донесе неизвесна борба за шампионската титула, но ако на стартот од сезоната рамноправно трката ја водеа три екипи од последното есенско коло, во пролетниот дел ќе продолжат две екипи.

Едната веќе излегува од „шините“ кои возат кон шампионската титула, а на истите „шини“ остануваат две екипи кои ќе возат по шампионскиот пехар, а до истиот патот ќе го пронајде само една екипа.

Егзодусот кој се случува во Металург Автокоманда и серијата заминувања на ракометарки од овој тим сериозна ја нарушува конкуренцијата и можноста да се оди борба за шампионската титула.

Одлична есен имаше тимот од Автокоманда, но ќе има „пеколна“ пролет – по заминувањето на повеќето искусни ракометарки тимот ќе „отпадне“ од сериозна трка за титулата.


Борбата ќе се сведува на Чаир и актуелниот шампион Ѓорче Петров, кој ќе го искористат за жал моментот на Металург Автокоманда кој е во незавидна ситуација и ќе се засилуваат, па во пролетниот дел ќе водат борба за бодови и остварување на целта – шампионска титула во домашниот шампионат.

Во секој случај ќе има натпревари на кои ќе се води вистинска борба и тоа ќе понуди неверојатна пролетна за тоа кој да биде шампион – дали „лавиците“ ќе ја одбранат титулата или пак Чаир ќе ја смести во своите витрини.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Тиквеш приреди ден исполнет со детски насмевки и фудбалска радост: Најмладите со маички и средба со своите идоли

ГФК Тиквеш приреди посебен ден за своите најмлади фудбалери, исполнет со насмевки, радост и многу љубов кон фудбалот и клубот од Кавадарци. Најмладите...

Ракомет

Војводина со триумф над „фараоните“, Тримо Требње со тесен триумф над Олимпијакос

Нов ден со интересни пресметки на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, на кој Тримо Требње и Војводина стигнаа до значајни победи. Словенечкиот состав Тримо...

Поврзани написи
Ракомет

Војводина со триумф над „фараоните“, Тримо Требње со тесен триумф над Олимпијакос

Нов ден со интересни пресметки на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, на кој...

Ракомет

ВИДЕО: Тиквеш со пресврт до триумф на стартот на „Миле Нешкоски“

Меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп започна во драматичен стил, со...

Ракомет

Адама Кеита со големи амбиции: „Јас веќе имам зацртано титула како цел за оваа сезона!“

Едно од најзвучните засилувања на ГРК Охрид оваа сезона- Французинот Адама Кеита...

Ракомет

Лука Георгиевски повторно во Еурофарм Пелистер 2 – младинскиот репрезентативец се враќа во Битола

Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!