КупФудбал

Победа Валандово преку Петкова слави над Слободен во квалификациите за Купот на Македонија!

Сподели
ФОТО: ЖФК Победа Валандово 16
Сподели

Второлигашите Победа Валандово и Слободен одиграа квалификациски меч во рамки на Купот на Македонија, а на кој домаќинот славеше со голот на Викторија Петкова постигнат во 62. минута, со што Победа Валандово обезбеди место во осминафиналето од Купот на Македонија.

Домашниот тим беше подобар против дебитантот кој за првпат игра и во Втората женска фудбалска лига.

Со ждрепка ќе се одредат двојките за осминафиналето од фудбалскиот Куп на Македонија во женска конкуренција.

Согласно членот 15 од пропозициите за Купот на Македонија во женска конкуренција, Куп натпреврувањето во сезона 2024/2025 се организира во два дела, односно квалификации од осминафинале во зависност од бројот на пријавени екипи и вториот дел натпревари од осминафинале до/и финалниот натпревар.

Во квалификациите до осминафинале учествуваат задолжително, екипите кои во натпреварувачката 2023/2024 оствариле пласман од трето до петто место на конечната табела во Втората женска фудбалска лига, по пријава, екипите од Втората женска фудбалска лига кои во натпреварувачката сезона 2023/2024 се натпреварувале, оставариле пласман на конечната табела на 6 место и по 6 место и не се откажале натпреварување, по пријава, новопријавени екипи во Втората ЖФЛ (случајот до дебитантот Слободен).


Доколку вкупниот број на екипите кои се вклучуваат во квалификации (задолжително и по пријава) е помал од 8 а поголем од 4 во натпреварувањето задолжително се вклучуваат до вкупно 8 екипи.

Доколку вкупниот број на екипите кои се вклучуваат (задолжително и по пријава) е поголем од 8, квалификациите се организираат преку диригиран ждреб со предност за екипите од Втора ЖФЛ се до добивање на 4 победници. Во случај на откажување од натпреварувањето на клубот му се одземаат три бода во рангот на натпревари во кој што се натпреварува.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!