Останато

Викендов започнува 62 издание на „Мавровски меморијал“ во Маврово

Сподели
Сподели

На 24 и 25 јануари започнува најстариот нордиски куп на Балканот, кој и оваа година повторно ќе ги собере најдобрите скијачи на едно место. Натпреварот ќе се одржи во Маврово, во рамки на традиционалниот „Мавровски меморијал“, кој има големо значење за македонскиот зимски спорт.

Овој меморијален настан се организира во чест и сеќавање на загинатите градители на хидросистемот „Маврово“, а низ годините прерасна во симбол на традицијата и спортскиот дух во Македонија.

„Мавровскиот меморијал не е само традиционален натпревар – тој е гордост за македонското скијање и е дел од нашата спортска историја. Со секое ново издание ние ја чуваме оваа традиција, ги поддржуваме и мотивираме младите спортисти да се развиваат и да го даваат најдоброто од себе, а истовремено ја промовираме Македонија како привлечна дестинација за зимски спортови“, изјави Дејан Пановски, претседател на Скијачката федерација на Македонија.

Овој настан е во организација на Скијачката федерација на Македонија во соработка со Меѓународната скијачка федерација (FIS), и ски клубот Мирна Долина, и е со поддршка на Министерстово за спорт, ЕЛЕМ и УНИ Банка.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски бек Михаил Стојанов. Стојанов е висок 185 сантиметри, а во изминатите...

Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) против ФК Скопје ќе претрпи промена на...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!