Останато

Викендов стартува пролетниот дел од Првата и Втората женска одбојкарска лига

Сподели
ФОТО: Михаилов
Сподели

По едномесечна пауза, викендов продолжува пролетниот дел од сезоната 2025/26 кај дамите во Првата и Втората женска одбојкарска лига.

Прволигашката конкуренција го продолжува првенството со 10. коло, со кое започнува вториот дел од регуларната сезона, а најголемото внимание ќе биде насочено кон дербито меѓу дебитантот Газели Волеј и лидерот Наковски Волеј. „Газелите“ го завршија првиот дел од сезоната на третото место на табелата, додека Наковски е прв и единствениот тим без пораз досега.

Првиот меѓусебен дуел, одигран во Струмица, заврши со максимална победа на Наковски, но тимот на Газели Волеј сезонава покажа дека знае да приреди изненадување против фаворитите, па токму тоа ќе го бара и на натпреварот што се игра утре во салата „Форца“ во Скопје, со почеток од 19:30 часот. Мечот ќе има и директен ТВ пренос на МРТ3.

Во останатите натпревари од 10. коло се среќаваат Вардар ЕМ и Ускана, Фит Фан Волеј и Младост УГД, како и Струмица жени со Работнички Скопје. Колото ќе биде комплетирано во вторник, кога актуелниот шампион Јанта Волеј ќе го пречека Пелистер Волеј.

Екипите кои по завршувањето на регуларниот дел ќе се пласираат од првото до осмото место на табелата ќе обезбедат учество во четвртфиналето на плеј-офот. Деветтопласираниот тим ќе игра бараж со второпласираната екипа од Втората лига за задржување на прволигашкиот статус, додека последнопласираниот тим директно ќе премине во понизок ранг во следната сезона.

И Втората лига – жени викендов продолжува со вториот дел од регуларното првенство. Фламинго Волеј досега има максимален учинок и како непоразен тим сигурно чекори кон обезбедување прволигашки статус за сезоната 2026/27. Сепак, Вардар жени и Форца Волеј ЕМА остануваат најсериозни конкуренти кои ќе се обидат да им ги расипат плановите во продолжението.

По одигрувањето на 12 кола од второлигашката конкуренција, првопласираниот тим обезбедува директен пласман во Првата лига – жени, додека второпласираниот ќе игра бараж натпревар со деветтопласираната екипа од Првата лига за влез во повисокиот ранг.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!