ФудбалФутсал

Мал Ајакс го доби дербито во Свети Николе, Карадаку доживеа тежок пораз, Балкан го совлада Кораби!

Сподели
Сподели

Четвртото коло во Втората футсал лига на Македонија направи промени на табелата, сега лидер на табелата е штипски Мал Ајакс со максимални 12 бодови на своето конто.

Штипјани имаат перфектен старт на сезоната со четири од четири, откако славеа во дербито на колото во Свети Николе со 2:3 над ланскиот прволигаш Овче Поле.

Во првиот дел натпреварот беше егал, шанси и на двете страни со мирни мрежи (0:0), во второто полуреме Теодор Наков го отвори резултатот за 0:1, а по една минута Иса Думишов даде гол за 0:2. Домашниот тим веднаш реагираше и преку Ѓорѓи Султанов намали на 1:2.

На требаше многу штипјани преку вториот гол на Дурмишов дојдоа до 1:3, а во финишот Султанов со втор гол само ги постави конечни 2:3 во дербито на колото.

Ланскиот прволигаш Карадаку на домашен терен претрпе тежок пораз од Партизан Југ од Брвеница со резултат од 5:11.

За домашнито тим Арифи и Саќипи беа двојни стрелци, а Куртиши посегина еден гол. За гостинскиот тим Спиркоски беше стрелец на четири гола, а хет-трик постигна Радески, додека пак по еден гол постигнаа Јадриески, Јанкулоски и Веселиновски.

Балкан приредени изненадување откако славеше над Кораби од Дебар, со високи и убедливи 9:3, а во меч каде Ибрахим Алији беше стрелец на пет гола, а пак Џељал Мјаку беше двоен стрелец. По еден гол постигнаа Пајтим Реџепи и Енис Реџеп. За гостинскиот тим Дргим Каја беше стрелец на три гола.

Каршиака со 7:4 дојде до победа над ССК Скопје, во меч каде домаќинот имаше иницијатива и доминација. Емини и Ќани беа стрелци на по три гола, а Мемеди постигна еден гол. За гостинот Димковски, Здравевски беа стрелци на по еден гол, а Стефан Здравески постигна два гола.

Колото ќе биде затворено вечерва во салата во Лабуништа, струшко со мечот меѓу Енхалон и Конзули од Битола, а по што Спортска Мрежа ќе направи анализа на табелата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона ситуацијата на теренот е сосема поинаква, па претстојниот натпревар повеќе наликува...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска...

Трета лигаФудбал

Еден натпревар од Втора лига ќе се одигра утре

Денес со седум натпревари се отвара 25. коло на Втората македонска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Крстевски ќе им суди на Демир Хисар и Света Троица, Лаброски на Влазними и Кораб

Делегирани судиите за четирите натпревари од 14. коло на Третата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!