Ракомет

ЖРК Атлетик организиран силен меѓународен женски ракометен турнир – „Атлетик и пријателите“

Сподели
Сподели

Женскиот ракомет во Македонија ќе добие уште еден квалитетен настан, откако екипата на Атлетик ќе биде организатор на првиот меѓународен турнир „Атлетик и пријателите“. Настанот ќе се одржи во малата сала на Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, во периодот од 30 јануари до 1 февруари, а ќе настапат четири екипи со сериозен натпреварувачки потенцијал.

Покрај домаќинот Атлетик, кој сезонава бележи максимален учинок во прволигашката конкуренција и прв фаворит за влез во Суперлигата, учество ќе земат и Вардар и Куманово, два стабилни клуба од горниот дел на табелата во женската Суперлига. Турнирот ќе има и меѓународна димензија со настапот на Будуќност 2, вториот тим на црногорскиот ракометен гигант.

Натпреварите ќе се играат три дена по систем „секој со секого“, што значи дека секоја екипа ќе одигра по три средби, а конечниот победник ќе биде тимот со најмногу освоени бодови по завршувањето на турнирот. За сите учесници, ова ќе биде одлична можност за силни проверки и подигнување на формата пред почетокот на пролетниот дел.

  • Распоред на натпревари:

30 јануари (петок)
16:00 – Атлетик – Вардар
18:30 – Будуќност 2 – Куманово

31 јануари (сабота)
16:00 – Будуќност 2 – Вардар
18:30 – Атлетик – Куманово

1 февруари (недела)
12:00 – Будуќност 2 – Атлетик
14:30 – Куманово – Вардар

Турнирот „Атлетик и пријателите“ најавува три дена исполнети со квалитетен женски ракомет и интересни дуели во срцето на Скопје.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!