Кошарка

Охрид се засили со Донаковски, кој се враќа за битката за Суперлигата

Сподели
ФОТО: ГКК Охрид
Сподели

ГКК Охрид официјално го претстави Стефан Донаковски како ново засилување во вториот дел од сезоната, со јасна цел – атак на врвот и пласман во Суперлигата на македонската кошарка.

Искусниот кошаркар, висок 200 сантиметри, повторно ќе го носи дресот на охридскиот клуб, откако во минатото беше дел од поранешниот АВ Охрид. Со неговото доаѓање, „сино-белите“ добиваат цврстина, енергија и сигурност под обрачите, каде што Донаковски се очекува да биде важен фактор и во одбраната и во нападот.

Донаковски добро ја познава кошаркарската средина во Охрид и поддршката од домашната публика, а до крајот на сезоната ќе ги брани боите на клубот и ќе даде максимум во исполнувањето на зацртаните амбиции.

По есенскиот дел од сезоната во групата Б од Првата кошаркарска лига, ГКК Охрид се наоѓа на третата позиција со 16 бодови, со учинок од шест победи и четири порази. Охриѓани заостануваат само два бода зад лидерите Вардар и Мега Баскет, кои имаат по 18 бодови, што најавува возбудлива борба за самиот врв во продолжението од сезоната.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

(ВИДЕО) Еурофарм Пелистер со нов брендиран автобус: „Само еден тим, само еден град“

Еурофарм Пелистер продолжува со унапредување на условите за функционирање на клубот, а најновата новина е модерниот и брендиран клупски автобус со кој ракометарите...

ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување на развојот на сопствените млади играчи, градење на тим за долгорочен...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ Скопје го засили ростерот со српскиот плејмејкер

МЗТ Скопје продолжува со комплетирањето на тимот за претстојната сезона, а најново...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската...

Кошарка

КФМ и клубовите од Женската Прва лига ги договорија деталите за новата сезона

Кошаркарската федерација на Македонија одржа работен состанок со претставниците на клубовите –...

Кошарка

КФМ одржа работен состанок со клубовите пред стартот на новата сезона

Кошаркарската федерација на Македонија одржа работен состанок со претставниците на клубовите –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!