Европско првенство 2026РакометРакометна репрезентацијаРепрезентација

Капитен како од учебник: Кузмановски ја испиша својата животна партија!

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Македонија извлече голем бод против фаворизираната Португалија (29-29), а  еден од хероите на вечерта (покрај блескавиот Мартин Томовски), имаше име и презиме – Филип Кузмановски. Капитенот одигра натпревар за историја, постигна неверојатни петнаесет голови и со лидерска партија ја одржа репрезентацијата во живот во дуел кој имаше карактер на вистинско финале.

Нашата селекција настапи храбро и пожртвувано против една од најсилните екипи на турнирот, а во најтешките моменти целата одговорност ја презеде токму Кузмановски. Со мирна рака, сигурна реализација и постојана закана од сите позиции, тој практично ја носеше Македонија на свој грб во текот на целиот натпревар.

Во првото полувреме капитенот постигна шест погодоци, а во вториот дел беше уште поразигран и поефикасен, додавајќи уште девет гола против цврстата португалска одбрана. Повеќе од половина од сите македонски погодоци беа негово дело – учинок кој ретко се гледа на вакво ниво.

Со оваа партија, Кузмановски влезе и во историјата на националниот тим. Тој го израмни рекордот на легендарниот Кирил Лазаров по бројот на постигнати голови на еден натпревар во дресот на Македонија – петнаесет. Лазаров до овој учинок стигна на Светското првенство во 2009 година против Јужна Кореја, но тогаш имаше и продолженија на располагање.

Без никаква дилема, ова беше најдобриот натпревар на Кузмановски во репрезентативната кариера, а и еден од најимпресивните индивидуални настапи во историјата на македонскиот ракомет. Партија што ќе се памети и ќе се прераскажува – како симбол на лидерство, карактер и безрезервна љубов кон националниот дрес.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!