Европско првенство 2026РакометРакометна репрезентацијаРепрезентација

Меч што решава сè: Победа над Романија како билет за иднината на македонскиот ракомет

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Бодот против Португалија донесе олеснување и еуфорија, но реалноста е јасна – тој резултат ќе вреди само ако во последното коло ја совладаме Романија. Во спротивно, спектакуларното враќање и одбраните на Томовски ќе останат само убав момент, без вистинска тежина во конечниот пласман.

Македонија влегува во решавачкиот меч со јасна цел: место меѓу првите три во групата. Теоретски, постои и можност за сензационално второ место зад Данска, но за такво сценарио ќе ни биде потребна убедлива победа над Романците и висок пораз на Португалија од домаќинот, со вкупна гол-разлика од најмалку 18 гола. Сепак, и минималниот триумф ќе значи исполнување на основната мисија – пласман меѓу најдобрите 16 селекции на шампионатот.

Таков исход носи капитални придобивки. Македонија би играла само еден бараж за пласман на Светското првенство во Германија следната година и со големи шанси би влегла како носител во ждрепката.

Спротивното сценарио е далеку понеповолно: четврто место во групата, финален пласман меѓу 18. и 24. позиција, два баражи и губење на предноста на носител во вториот круг.

Токму затоа дуелот со Романија е многу повеќе од натпревар од групната фаза. Тој ќе ја одреди позицијата на Македонија во европскиот ракомет и патот кон светската сцена во следните години.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Скопје домаќин на Европското сениорско првенство во кик бокс, Македонија со 33 натпреварувачи ќе атакува на медал

Во Скопје вчера во попладневните часови свечено беше отворено Европското сениорско првенство во кикбокс.  Натпреварите се одржуваат во спортскиот центар „Јане Сандански“, а...

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Скопје домаќин на Европското сениорско првенство во кик бокс, Македонија со 33 натпреварувачи ќе атакува на медал

Во Скопје вчера во попладневните часови свечено беше отворено Европското сениорско првенство...

Останати репрезентацииРепрезентација

Четири борби, четири победи – Душица Бресалиева го освои златниот медал на Грција Опен Е1 2026

Македонската репрезентативка во таеквондо, Душица Бресалиева од ТК Штип, оствари извонреден успех...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!