Европско првенство 2026РакометРакометна репрезентацијаРепрезентација

Кузмановски: Игравме со срце, душа и глава за Македонија!

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Филип Кузмановски одигра фантастичен натпревар против Португалија, нашиот капитен постигна 15 погодоци, и беше МВП на натпреварот.

По мечот тој зборуваше за големата драма од мечот кој заврши без победник 29:29,

„Некако тешко е сега да се говори, но како што кажав по Данска навистина верувавме во себе, знаевме дека имаме квалитет да играме со Португалија. Добро ги анализиравме, навистина напорно работевме и фокусот беше на Португалија и на Романија, со Данска како што кажавме беше натпревар за уживање. Едноставно сум среќен, среќен сум на целата екипа што 60 минути навистина се бореше за Македонија. Некако денес денот беше посебен, сите сакаа, некако сите имаа крв во очите, покажавме срце, покажавме дека со душа се игра за, срце и глава се игра за Македонија, тоа беше вербата 60 минути, одиме понатаму со Романија, мислам дека ако го повториме овој натпревар ќе се радуваме на победа, но треба со ладни глави да влеземе во натпреварот, сега е тешко да се прават математики, треба ние да ја завршиме нашата работа и да победиме“, изјави капитенот Филип Кузмановски.

Во следното коло Македонија ќе игра со Романија, каде само победа е опција, а потоа ќе има многу математики околу пласман во главната фаза.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар на чекор до големо засилување: Фадуил на мета на „црвено-црните“

Македонскиот ракометен гигант Вардар сериозно работи на засилувањата за следната сезона, а...

Ракомет

Вардар сигурно до финале во Купот – „црвено-црните“ ќе се борат за нов трофеј против Алкалоид

Ракометарите на Вардар повторно ќе играат во финалето на Купот на Македонија,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!