ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност пресилен, Миладиновци преку Бојковски слави над Илинден!

Сподели
Сподели

Екипата на Маџари Солидарност ја запиша највисоката победа во рамки на 6. коло од Општинската фудбалска лига во Гази Баба или Четврта лига по ранг на натпреварување.

Маџари денес со 4:0 на домашен терен беше пресилен противник за Дељадровци, откако со фудбалска доминација на теренот, домаќинот имаше 3:0 на полувреме со двата брзина гола на Златан Крстевски и голот на Андреј Андреевски. Во вториот дел Бурхан Селими постигна гол за конечни 4:0.

Висока гостинска победа однесе Миладиновци откако со 2:4 го доби Илинден, во меч каде поголем дел од работата гостинот ја заврши во првиот дел кога имаше 0:2. Борче Бојковски беше двоен стрелец за гостинот, а по еден гол постигнаа Стефан Мицановски и Кристијан Димитриевски.

За домашниот тим во второто полувреме стрелаа Дарко Арсовски и Стефан Ивановски.

Мерис Карач со гол во 49. минута донесе победа за Долно Коњари, откако славеше гостинска победа над Марино.

Гоце Делчев на домашен терен славеше победа од 3:1 над Ускуп во натпревар каде домашниот тим преку Петревски и Дошев имаше 2:0 на полувреме, а во второто полувреме Симоновски зголеми на 3:0. До финишот од мечот гостинот преку Сулејман само ублажи на конечни 3:1.

Ланскиот третолигаш Петровец беше поразен на домашен терен од Инџиково преку пресврт со 1:3. Домаќинот преку Здравковски дојде до 1:0 во првиот дел, а во второто полувреме Мојсоски со два гола и Трпковски со еден гол обезбедија победа за Инџиково.

Екипата на Бујковци во оваа колото беше слободна.

Во однос на табелата Долно Коњари е на врвот со 16 бодови пред Гоце Делчев кој е втор со 13 бодови и Марино кој е трет со 12 бодови на своето конто. На долниот дел се Ускуп и Петровец со по еден гол.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОФЛ ГАЗИ БАБА 6. КОЛО:

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Победа е нашата цел“: Ќосевски најавува борба на Охрид во Будва!

Охрид утре го очекува вториот предизвик во Регионалната лига, а по успешниот старт против Војводина, охриѓани гостуваат кај Будванска Ривиера во Црна Гора....

Ракомет

Вардар не патува во Панчево: Повреди и вирус го одложија мечот со Динамо!

РК Вардар нема да гостува кај Динамо Панчево во рамките на второто коло од Регионалната ракометна лига. Средбата беше закажана за 26 август,...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Еве кога игра Проект во Грац: Три европски натпревари во четири дена!

Македонскиот футсал шампион Проект веќе е во Грац, Австрија, каде што ќе...

Прва лигаФудбал

Познат распоредот за 5. коло во ПМФЛ: Дерби во Кратово, Тиквеш – Вардар во понеделник

Познат е распоредот за 5. коло во Првата македонска фудбалска лига, кое...

ФудбалФутсал

Проект со позитивна атмосфера патува за Грац, македонскиот шампион подготвен за ЛШ!

Македонскиот футсал шампион Проект со позитивна атмосфера и големи амбиции патува за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!