Втора лигаФудбал

Спортска Мрежа најави, Осогово потврди: Филип Димоски ново засилување на „жетварите“

Сподели
ФОТО: ГФК Осогово
Сподели

Како што ексклузивно најави Спортска Мрежа уште на 9 јануари, денес Осогово го потврди трансфер на Филип Димоски кој беше промовиран во кочанскиот второлигаш.

Филип Димоски брзо пронајде нова средина по разделбата со прилепска Победа и кариерата ја продолжува во дресот на „жетварите“.

26-годишниот прилепчанец одново ќе го облече дресот на Осогово, откако во неговиот прв престој во Кочани го носеше дресот на Осогово во период од август 2018 до јануари 2019 година.

Димоски зад себе има солидна есен во дресот на Победа, каде што беше еден од поважните фудбалери, а претходно значително придонесе и за директниот опстанок на прилепчани минатата сезона. Сепак, во текот на зимската пауза реши да побара нов предизвик и да ја прифати понудата од кочанскиот второлигаш, како што веќе објави Спортска Мрежа, а клубот денес ги потврди нашите најави.


Ангажманот на Димоски е дел од плановите на клубот да го зацврсти ростерот и да обезбеди поголема сигурност во продолжението од сезоната.

Низ својата кариера, новиот фудбалер на Осогово има настапувано за повеќе македонски клубови меѓу кои Детонит Плачковица, Охрид, Каменица Саса, Питу Гули, Вардар Неготино, Осогово, 11 Октомври, како и за Победа, од каде што и пристигнува во Кочани.

Со доаѓањето на Филип Димоски, Осогово добива проверено име и играч со искуство, од кого се очекува да има значајна улога во остварувањето на клупските амбиции во пролетниот дел од второлигашкиот шампионатот.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!